ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев-Марковиќ: Зајакнување на соработката како идни сојузници во НАТО

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претпладнето во Подгорица се сретна со премиерот на Република Црна Гора, Душко Марковиќ

November 30, 2019 14:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претпладнето во Подгорица се сретна со премиерот на Република Црна Гора, Душко Марковиќ, пренесе МИА.

На средбата, соопшти владинатат прес-служба, се потврдени одличните традиционални и пријателски односи помеѓу двете држави, без отворени прашања, што одат во нагорна линија.

Заеднички било констатирано дека заокружувањето на членството на Република Северна Македонија во НАТО, дополнително ќе придонесе за стабилноста и безбедноста во регионот. Споделени биле и искуства за резултатите од НАТО интеграциите, како што се нови инвестиции, повеќе работни места, подобар животен стандард.

Исто така, заеднички е заклучено дека иднината на целиот регион е во Европската унија и оти таа стратешка цел нема алтернатива. На средбата било оценето дека проширувањето на ЕУ е неопходно да продолжи, бидејќи тоа е одржливата опција за мир, стабилност и перспективи на Балканот и на Европа.

Премиерот Заев изразил благодарност за силната поддршка од Црна Гора за членство на Северна Македонија во НАТО и за исполнувањето на заедничките ЕУ перспективи, согласно Берлинскиот процес, што ја поттикнува соработката помеѓу сите земји од регионот.

– Продолжуваме со реформите и со инклузивните политики, како на политички план, така и на планот на нашиот концепт, Едно општество за сите, што успешно го развиваме. Продолжуваме да даваме аргументи дека нашето место е во ЕУ. ЕУ и НАТО интеграциите за нас немаат алтернатива. Интеграциските процеси веќе даваат резултати во економијата, повисоки плати, пензии, раст на минималната плата за 90 евра, раст на социјална помош за 300 проценти, рекол премиерот Заев.

На средбата било разговарано и за успешната соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Црна Гора во повеќе области од интерес на граѓаните, меѓу кои и социјалната заштита. Посочена е како позитивен пример експертската поддршка во развивањето електронски систем за следење еден корисник во социјалната заштита и во управувањето со случај, во делот на семеен социјален работник.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: Годинава успешно изведени четири кадаверични трансплантации

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk