Пратеничката од редот на независната група на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова на прес-конференцијата од Собранието побара оставка од лицерот на партијата, Христијан Мицкоски, поради, како што рече, лицемерниот однос кон евроинтеграциите, пренесе А1он.
„Кога се одлучуваше за европската иднина, за гласање на уставните измени, пратениците беа притиснати во ќош. Одеднаш на Мицкоски му стана важна НАТО. Или во стилот на бугарското со Борисов ‘всичко е добре’, сега на ред е грчкото ‘не’, што во превод значи ‘да’. Не поддржуваме вакво лицемерие. Бараме Мицкоски да си даде оставка”, рече Александрова.
Александрова рече дека иницијативата што Мицкоски побарал да ја поднесат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со која се бара договорот за членство во НАТО да се усвои пред распуштање на Собранието и пред протоколот за ратификација на договорот да биде усвоен во шпанскиот парламент е лицемерен чекор на првиот човек во партијата. Независните на ВМРО-ДПМНЕ не оправдуваат ваков чекор, како што велат, бидејќи на лидедот кој бил против уставни измени одеднаш НАТО му станало важно прашање.
Целиот текст можете да го прочитате на А1он.