Пратеникот Сурија Рушити од Алијансата на Албанците денеска изјави дека нивниот став во однос на помилувањата е конзистентен и дека тие сметаат оти треба да има суштинска борба против криминалот и корупцијата во државата.Во однос на барањето за автентично толкување на СДСМ за членот 11 од Законот за полмилување, Рушити рече дека пред да го коменира сака да го погледне официјално документот кој уште не му е доставен.
Пратеникот Фадил Зендели од Беса, кој е член на Законодавно-правната комисија исто така денеска изјави дека не може да каже официјален став за барањето на СДСМ за автентично толкување бидејќи не го добил се уште, но вели дека принципиелно е против помилување и дека тоа што сега пред избори се прави е препукување или калкулации на политичките партии.
„Имајќи го предвид моментот кога е отворена иницијативата и дебатата во Уставниот суд, сега кога веќе се најавени наредните избори, ова се прави за политички препукувања или калкулации на политичките партии. Неспорно е дека лично како пратеник и како политичка партија сме биле против амнестија, затоа што сметаме дека државата и правосудните институции треба суштински да се борат со криминалот и корупцијата во државата, а не да има амнестија, а не да има аболиција. Ова посебно ако се работи за политичари од висок профил“, вели Зендели.