ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Дендиас: Одлуката за преговори за Северна Македонија и Албанија не треба да се забави поради дискусијата за методологијата

Шефот на грчката дипломатија објаснува дека и во интерес на Грција е земјите од регионот да станат дел од европското семејство

December 2, 2019 10:35
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Дискусијата за методологијата на интегративниот процес не треба да ги забави носењата одлуки за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, вели грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас во интервјуто за весникот „То вима“ во однос на француските позиции за кои додава дека Грција ги поддржува, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија објаснува дека и во интерес на Грција е земјите од регионот да станат дел од европското семејство, а во однос на веројатноста на изборите кај нас да победи ВМРО-ДПМНЕ, истакнува дека Атина не се меша во внатрешноста на другите земји, но очекува кој и да е на власт, Договорот од Преспа, целосно да се имплементира.

– Ја поддржуваме позицијата на Франција за потребата за одново разгледување и оптимизирање на методологијата на интегративниот процес. Но, соодветната дискусија не треба да ги забави носењата одлуки за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Во врска со можноста ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите, повторувам дека нашата земја не се меша во внатрешните работи  на други земји. Очекуваме од соседот и наскоро сојузник во НАТО, Република Северна Македонија, независно од владите, целосно и точно да го имплементира Договорот од Преспа, вели Дендиас.

Во однос на можноста за раздвојување на европскиот пат на Северна Македонија и Албанија, шефот на грчката дипломатија објаснува дека Грција сака двете земји, заедно да одат напред.

Говорејќи за минатонеделната посета на Скопје, Дендиас вели дека целта била да се продлабочи билатералната соработка и да се изрази поддршка за европската перспектива.

– Посетата на Скопје, како основни параметри ги имаше зајакнувањето и продлабочувањето на билатералните односи во еден поширок спектар на области и промовирање на целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа што е неопходен предуслов за соработка на двете држави во сите области. Истовремено, имаше за цел да ја потврди активната, со конкретни иницијативи, поддршка на Грција на европската перспектива на Северна Македонија, секако со почитување на постоечките услови, но и врз основа на самите постигнувања, вели министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за „То вима“, пренесе МИА.

За двете комисии што произлегуваат од Договорот од Преспа, едната за учебниците, а другата за трговските ознаки, Дендиас објаснува дека во следниот период ќе одржат нови состаноци.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Условни казни за сопствениците на депонијата во Визбегово за напад на новинарска екипа

July 25, 2025

Коцевски: Интерпелацијата против мене нема законска основа и воопшто не би смеела да биде поднесена

July 25, 2025

Израелски министер: Цела Газа ќе биде еврејска; Нетанјаху се оградува

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Новата месечина изгледа невидлива од површината на Земјата, но од вселената открива поинаква убавина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk