Американската скијачка и двократна олимписка шампионка Микаела Шифрин изјави дека се вознемирува кога луѓето се интересираат кога швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе стави крај на кариерата, пренесе МИА.
Не мислам дека ќе скијам професионално по 35. година. Сепак, додека ми се допаѓа она што го работам, едноставно немам причина да престанам. Ист е случајот со Федерер. Ме вознемирува што луѓето постојано прашуваат кога ќе ја заврши кариерата. Се чувствува добро, игра добро. Треба само да уживаме во фактот дека тој сè уште е на врвот. Мотивира кога ќе видите како тој ужива во тенисот, истакна Шифрин.
Американката вчера ја забележа втората победа во вториот слалом од новата сезона и вкупно 42. во нејзината кариера.