ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судскиот совет не работи во полн состав

– Од влегувањето во сила на новиот Законот за Судски совет на Република Северна Македонија (30 мај 2019 година), поднесени се барања за утврдување на одговорност за вкупно 58 судии.

December 2, 2019 17:28
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет на Република Северна Македонија информира дека Советот не работи во полн состав и со зголемениот обем на работа се доведува во прашање нормалното функционирање на Советот, како и неговото ефикасно и навремено постапување по предметите.

– На 5.10.2019 година им престана  мандатот на двајца членови на Советот, а постапката за избор во Собранието до денес не е завршена. Покрај тоа,  на еден член на Советот избран по предлог на Претседателот на РСМ му престанува мандатот на 26.12.2019 година, а на еден член на Советот избран од редот на судиите му престанува мандатот на 29.01.2020 година. Поради овие причини, Советот оцени дека е потребно да ја запознае јавноста за својата работа, како и за проблемите со кои се соочува поради тоа што работи во неполн состав, се вели во соопштението на Судскиот совет на РСМ.

Судскиот совет, се додава во соопштението, како самостоен и независен орган на судството е основан со цел да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно Уставот и законите. Во рамките на законските надлежности утврдени во Законот за Судски совет на Република Северна Македонија и Законот за судовите, Советот одлучува за одговорност на судија и претседател на суд од аспект на совесност и професионалност во работењето.

– Советот не ја испитува имотната состојба на судиите, истото е во надлежност на Државната комисија за спречување на корупцијата, стои во соопштението.

До Советот од страна на судовите се доставуваат извештаи во кои се наведени причините за застарувањето на секој предмет. При работните посети кои се вршат во судовите од страна на Советот се испитуваат причините за застарувањето и дали евентуално постои одговорност кај судијата.

– Од влегувањето во сила на новиот Законот за Судски совет на Република Северна Македонија (30 мај 2019 година), поднесени се барања за утврдување на одговорност за вкупно 58 судии. Во текот на 2019 година, Судскиот совет разреши еден претседател на суд и двајца судии, а во тек е постапка по извештаите на Комисиите на известители, се вели во соопштението од Судскиот совет на РСМ.

Next Post

Пендаровски: Почитувањето на плурализмот во Алијансата е многу важно за држава како нашата

НАЈНОВО

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk