ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Адеми: На ПИСА-тестирањето постигнавме најголем напредок досега

Меѓу сите земји на листата, нашата постигнала  највисок скок во резултатите по читање, 41 поен погоре на листата одошто на минатото тестирање, односно 393 поени во 2018 наспроти 352 поени во 2015 година.

December 3, 2019 16:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На меѓународното тестирање ПИСА во 2018-та постигнавме најдобри резултати досега, значително подобри од претходните две тестирања на нашите ученици, во 2000 и во 2015 година, изјави попладнево министерот за образование и наука Арбер Адеми откако Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денеска ги објави резултатите од тестирањето во 79 земји или економии. Тестирањето е наменето за ученици на возраст од 15 години и опфаќа проверка во три категории – читање со разбирање, во која сме рангирани на 66 место, математика – каде што сме на 67 место и природни науки – каде што земјава на листата на ОЕЦД е на 62 место, пренесе МИА.

Министерот на прес-конференција рече дека напредокот  е во тоа што во сите три категории на листата Северна Македонија има високи скокови во остварените резултати, споредено со претходното ПИСА-тестирање во кое учествувала (2015).

Меѓу сите земји на листата, нашата постигнала  највисок скок во резултатите по читање, 41 поен погоре на листата одошто на минатото тестирање, односно 393 поени во 2018 наспроти 352 поени во 2015 година. Со 29 поени повеќе земјава е на второ место по скок на резултатите во природни науки, 413 поени во 2018 за разлика од 384 во 2015-та, а во математика Северна Македонија е на трето место по скок во резултатите, 394 поени во 2018  што е за 23 повеќе од 371 поен во 2015 година.

Во 2015 година земјава беше рангирана на 68 место по математика, а на 69-то по читање и природни науки. Притоа министерот напомна дека во 2015-та во конкуренција биле 72, а минатата година 79 земји.

Според него, подобрувањето се должи на новите образовни политики, инклузивниот пристап, подобрените наставни содржини. Во однос на тоа што земјите во соседството (освен Косово) се пред нас на листата, рече дека е најважно што не сме на дното и дека скокот е показател дека земјава е на вистинскиот пат.

-Не можеме прекуноќ за три години да бидеме меѓу првите десет земји на ранг-листата, но најголемиот скок на подобрување е одличен показател дека сме на прав пат. Сега не сме на четвртото место од долу на табелата, туку повисоко. Тоа нè радува и ќе нè мотивира за следното ПИСА-тестирање во 2021 година, на кое ќе му претходи пробно во 2020, рече Адеми.

На прашањето дали учениците сериозно го сфатиле тестирањето и дали предавале празни тестови, министерот одговори дека сите тестови биле пополнети. Рече и дека дополнително ќе бидат анализирани тестовите за да се добијат повеќе податоци за училишта и средини од кои доаѓаат учениците.

ПИСА тестирањето во април 2018 година го спроведе Државниот испитен центар и опфати 5569 ученици на 15-годишна возраст на македонски и на албански јазик од сите средни училишта.

Вкупно, тестирањето опфати 600.000 ученици кои ги претставуваа 32 милиони 15-годишници од 79-те земји што учествувале во ПИСА – најголемо меѓународно истражување во образованието.

Next Post
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Лицата со попречености да бидат дел од структурите за донесување одлуки

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk