Холандската полиција денеска уапси осуммина осомничени за силување на најмалку три тинејџерки.
Во градот Ден Бос и блискиот Росмален уапсени уапсени се момчиња, на возраст од 18 до 26 години.
Полицијата на почетокот на годината покрена истрага по што три девојки, независно една од друга, пријавиле дека сексуално се злоупотребени од група момчиња во гаража за поправка на автомобили во Ден Бос.
Детективите, кои ја пребарале гаражата трагајќи по форензички докази во април, соопштија дека постојат индиции дека има уште жртви на членовите на бандата, но дека од страв тие случаи не се пријавени.
Се верува дека членовите на бандата оствариле контакт со жртвите на интернет, и дека пред да ги силуваат ги дрогирале, пренесе АП.