ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За гасификација во 2020 година се одвоени 120 милиони денари

Бектеши најави дека следната година е предвидено да изработат стратегија за индустриска политика, бренд стратегија за туризам, како и активности за спроведување на стратегијата за општествена одговорност, а за сите три стратегии се планирани над 44 милиони денари.

December 3, 2019 16:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Со буџетот на Министерството за економија за 2020 година што е предвидено да изнесува 591 милион денари, за гасификација се предвидени 120 милиони денари. Под надлежност на овој ресор со измените на Законот за енергетика од следната година преоѓа АД Национални енергетски ресурси кое што е надлежно за изградба на гасоводниот систем, пренесе МИА.


– Продолжуваме со гасификацијата на Северна Македонија, моментно имаме одлична искористеност на средствата и реализација од страна на МЕР и јас сум убеден дека наредната година ќе почнеме и со нови проекти, вклучувајќи го тука и многу важниот проект – интерконекторот со Грција, рече денеска на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерството за економија, потенцираше, работи на создавање услови за развој на индустријата, развивање на претприемништвото, креирање и интеграција на единствен пазар во ЕУ, обезбедување енергетска стабилност и сигурност, истражување, експлоатација и одржливо искористување на минералните суровини, развој на туризмот со подобрување на стандардите на туристичката понуда.
Бектеши најави дека следната година е предвидено да изработат стратегија за индустриска политика, бренд стратегија за туризам, како и активности за спроведување на стратегијата за општествена одговорност, а за сите три стратегии се планирани над 44 милиони денари.

Со над 130 милиони денари, пак, ќе се субвенционираат манифестации, проекти и во форуми во областа на туризмот, ќе се поддржува домашниот туризам за работници со ниски приходи и општините за изработка на локални стратегии за развој на туризам.

– Најголем дел од поддршката што ќе се доделува преку Министерството за економија е во делот на енергетиката, потенцираше Бектеши.
Со пет милиони денари и до година државата ќе надоместува дел од трошоците за вградување термални колекторски системи во домаќинствата, за купување ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата ќе одвои  25 милиони денари, а 30 милиони денари за набавка на печки за греење на пелети за домаќинствата. За субвенционирање на вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, пак, се планира да се одвојат 20 милиони денари.

Бектеши најави дека во областа на туризмот ќе продолжат со мерката за поддршка на домашниот туризам и оти се предвидени 20 милиони денари за издавање потврди за работници со ниски приходи. По тој основ се планира да бидат субвенционирани речиси 1.600 граѓани.

За субвенции за приватни претпријатија треба да се потрошат 36 милиони денари, кои ќе се поделат за поддршка и развој на занаетчиството, за кофинасирање проекти за развој и поддршка на мали и средни претпријатија и промоција на претприемништвото, за фирми во сопственост и управувани од жени, за воведување ХАЛАЛ систем, како и за реализација на Програмата за заштита на потрошувачите за 2020 година.

– Активностите на Министерството за економија се насочени кон продлабочување на мултилатералната и билатералната соработка, либерализиран трговски режим и создавање  соодветна регулаторна рамка во согласност со стандардите на ЕУ и барањата на СТО, развој на инвестициите и подобрување на конкурентноста на македонската индустрија, развој на енергетиката, регулирање на внатрешниот пазар, меѓународните трговски односи и промоција на извозот, искористување на природните ресурси, како и хармонизација на законодавството, најави Бектеши.
Next Post

Рускоска: Очекував и други да признаат вина за „Рекет’

НАЈНОВО

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk