Го остваруваме сонот на генерации наши граѓани – стануваме членка на НАТО, во сојуз со најмоќните партнери од демократскиот свет.
Овде во Лондон, Северна Македонија е потврдена за следна 30-та членка на НАТО, на 70-тиот роденден на Алијансата. Безбедни, сигурни и стабилни, продолжуваме да ја јакнеме економијата за добробит на сите наши граѓани, пишува премиерот Заев на Фејсбук.
Владината делегација што ја предводи премиерот Зоран Заев, денеска пред Состанокот на лидерите на НАТО во Лондон, имаше средба со поранешни високи функционери и амбасадори на Алијансата и ЕУ, членови на Охридската група.
Заев на Самитот на НАТО во Лондон е придружуван од вицепремиерите Радмила Шекеринска и Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров.