Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја повика опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ барањето за предлог-законот за ратификацијата на протоколот за НАТО да го препрати до владата, бидејќи таа е предлагач на законите за ратификација.
– Според Деловникот, надлежноста за поднесување на предлог закон за ратификација на протоколот од НАТО е во надлежност на Владата – рече Џафери.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денес побара Собранието да поднесе иницијатива до владата, со барање во најскоро можно време до Парламентот да го достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО).