ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Извештај на демократите: Трамп ја злоупотреби функцијата

Демократите го обвинуваат Трамп дека за да го присили неговиот украински колега да спроведува истраги од кои би имал полза на политички план

December 4, 2019 10:26
in СВЕТ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Демократите во Претставничкиот дом водат истрага за импичмен на претседателот Доналд Трамп.Тие објавија извештај во кој се вели дека Трамп барал странско мешање на изборите во САД за да ги подобри неговите шанси за реизбор, да ја поткопа националната безбедност и да нареди невидена кампања за опструкција Конгресот, пренесе МИА.


„Истрагата за отповикување разоткри повеќемесечен напор на претседателот Трамп да ја искористи својата позиција да бара мешање од странство на изборите во 2020 година, во своја корист. Планот на претседателот ја поткопа надворешната политика на САД кон Украина и нашата национална безбедност во корист на две политички мотивирани истраги што би помогнале во неговата кампања за реизбор“, се наведува во извештајот на 300 страници.
Во извештајот се додава дека „Претседателот побарал од новоизбраниот украински претседател Володимир Зеленски да направи јавна истрага за политичкиот ривал од кој најмногу се плаши, поранешниот потпретседател Џо Бајден и дискредитираната теорија дека Украина, а не Русија, се меша во претседателските избори во 2016 година”.

Демократите го обвинуваат Трамп дека за да го присили неговиот украински колега да спроведува истраги од кои би имал полза на политички план, ја искористил американска воена помош и можноста да ја посети Белата куќа како условување.

„Претседателот ги стави личните и политичките интереси над националните интереси на САД, се обиде да го поткопа интегритетот на изборниот процес на САД и се закани на националната безбедност на САД“, се вели во извештајот усвоен од Одборот за разузнавање.

Во извештајот се обвинува Трамп дека го спречил спроведувањето на истрагата со категорично одбивање да ги достави бараните документи и им дозволува на неговите советници да сведочат, безуспешно обидувајќи се да ги спречат долгогодишните владини службеници да сведочат и заплашуваат сведоци.
„Доналд Трамп е првиот претседател во историјата на САД кој се обиде да ја попречи целосно истрагата за отповикување на Претставничкиот дом“, се вели во извештајот, и дека доказите за „престапите на претседателот и опструкцијата на Конгресот се убедливи“.

Претседателот на Одборот за разузнавање, Адам Шиф, на прес-конференција рече дека Трамп е „претседател кој верува дека е над обвинението, недостапен, без каква било одговорност и навистина над законот“.

Трамп ја критикуваше истрагата како „многу непатриотска“ на маргините на самитот на НАТО во Лондон.

Белата куќа соопшти дека по објавувањето на извештајот, претседателот на комисијата Адам Шиф и демократите не успеале да пронајдат докази дека претседателот Трамп направил нешто лошо, и дека извештајот е „одраз на нивната фрустрација“.

„Извештајот на претседателот Шиф е како неповрзан говор од блогер во подрум, обидувајќи се да докаже нешто за што нема докази“, рече портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам.

Извештајот беше доставен до Одборот за правда, каде ќе се води партиска дебата за тоа дали треба да се утврди предлог за отповикување на Трамп, за кој потоа ќе се изјасни Претставничкиот дом во цел состав.

Ако биде изгласан, во Сенатот што е под републиканска контрола ќе се одржи судење за да се одлучи дали Трамп треба да биде сменет.

Потребно е двотретинско мнозинство да се донесе одлука за разрешување на Трамп.

Next Post

Утрово најзагадено кај Ректоратот

НАЈНОВО

Скриншот

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

November 4, 2025

Фон дер Лајен: ЕК е попосветена од кога било да го претвори проширувањето на ЕУ во реалност

November 4, 2025
Фото: МИА

Гаши: Предлог – буџетот за 2026 година на пленарна седница на 9 декември

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk