ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Отворен нов Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години

Сместен е на улицата Пролет, број 39, до Веро Џамбо

December 4, 2019 22:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претставници од Црвениот крст на Град Скопје денеска отворија Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години, што е сместен на улицата Пролет, број 39, до Веро Џамбо.

– Отворањето на Центарот за возрасни лица со попреченост го гледам како голем чекор напред во оваа сфера на дејствување. Активното учество на локалната заедница во обезбедувањето поквалитетен живот за сите наши сограѓани е клучно за развој на целата заедница. Градот Скопје во изминатиот период активно работеше на полето на социјалната заштита при што интензивно се вклучува и во процесот на деинституционализација кој е исклучително важен за овие граѓани. Обезбедивме 24-часовна нега од негуватели за лицата сместени во мал групен дом во Скопје. Овозможивме помош и нега во домот за лица со најтежок облик на интелектуална попреченост и комбинирани пречки од мултидисциплинарен тим кој е составен од доктор специјалист по семејна медицина, медицинска сестра, физиотерапевт, социјален работник, психолог, дефектолог и негуватели. Го поддржавме функционирањето на Центарот за лица со Даунов синдром. Овозможуваме услови за ангажирање помагатели на ранливи целни групи меѓу кои се и лицата со попреченост. Во соработка со Црвениот крст на Град Скопје годинава ангажиравме 12 помагатели да работат со 25 корисници од Скопје обезбедувајќи им ја негата и грижата која им е потребна. Очекуваме дека оваа активност ќе биде со зголемен обем во наредната година. Ова се само дел од нашите заложби да ја поддржиме и унапредиме деинституционализацијата во нашиот град, за да ја подигнеме свеста кај сите нас за значењето на еднаквоста во живеењето – рече денеска градоначалникот Шилегов.




Тој упати апел до сите општини во градот да го следат примерот на Општина Центар и на Црвениот крст и колку што можат поактивно да работат на полето на социјалната заштита, за Скопје да стане поудобно место за живеење за сите, без исклучоци. Шилегов им честита на избраните „волонтери на годината“ од Црвениот крст за желбата да се подаде рака на нашите сограѓани на кои им е потребна помош, за мотивот да се негува хуманоста и напорите кои ги вложуваат со цел да се унапреди инклузијата. Тој на наградените волонтери денеска им додели благодарници.

– Токму овие луѓе се најдобар пример како се гради хумано општество и како се сака околината во која живееме. Да продолжиме заедно и понатаму во борбата за едно похумано и поинклузивно Скопје, затоа што градот сме сите ние и затоа што успехот во достигнувањето на овие цели зависи од секој од нас – нагласи Шилегов.

Next Post

Полицијата го приведе малолетниот убиец кој искасапи две кучиња во Аеродром

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk