Слика на францускиот постимпресионистот Пол Гоген од неговиот тахитски период, вчера на аукција во Париз беше продадена за 10,5 милиони евра.
На сликата „Te Bourao II” насликан е поток со птици и цвеќе во богата палета сини и зелени бои. Настанала во 1897 година, кога Гоген живеел на Тахити.
Ова дело било во приватна сопственост, а едно е од серијата од девет слики настанати додека уметникот работел на многу поголем проект под назив „Од каде доаѓаме? Кои сме? Каде одиме?
Гоген е роден во Париз 1848 година, неговото влијание на движењето на симболизмот како сликар, Кипар и керамичар беше огромно. Стана славен по смртта во 1903 година.
Исто така, тој влијаеше на работата на уметникот Пабло Пикасо и Анри Матис.