Американски маринец уби двајца со огнено оружје, рани еден, па се самоуби во воената база Перл Харбор на Хаваите.
Двајцата убиени се цивилни службеници на американското Министерство за одбрана, како и ранетиот кој е префрлен во болница и е во стабилна состојба, рече командантот на американската морнарица Роберт Чедвик.
Пукањето се случило во 14.30 часот во средата по локално време на бродоградилиштето на историската американска воена база.
Напаѓачот прелиминарно е идентификуван како маринец кој бил на базата на нуклеарна подморница.
Еден сведок вели дека видел како тој си пука во глава.
Портпаролот на Белата куќа рече дека претседателот Доналд Трамп е информиран за инцидентот.
Пукањето се случи три дена пред одбележувањето на нападот на Перл Харбор 7 декември 1941 година, кога Јапонија ненадејно ја нападна воената база уништувајќи дел од американската флота во Пацификот со што САД се натерани да се вклучат во Втората светска војна.
Во таа база денес се наоѓаат трупи на воената морнарица и воздухопловството.
U.S. Navy sailor shoots two dead at Hawaii military base before killing self. More here: https://t.co/NUR4g54KdZ pic.twitter.com/Psb71phuuy
— Reuters (@Reuters) December 5, 2019