ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Просечната пензија идната година се зголемува на 15.500 денари

На средбата со битолските пензионери се разговараше за плановите во наредната година, но и за развој на социјални услуги на локално ниво како што е нега за стари лица во домашни услови.

December 5, 2019 16:43
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од идниот месец сите пензии во државата ги зголемуваме за 700 денари кои ќе влезат во основицата на пензијата, а со ова покачување, во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, изјави министерката во Министерството за труд и социјална политика Мила Царовска која денеска оствари средба со пензионерите во Битола, пренесе МИА.


На средбата со битолските пензионери се разговараше за плановите во наредната година, но и за развој на социјални услуги на локално ниво како што е нега за стари лица во домашни услови.

-Од идниот месец сите пензии во државата ги зголемуваме за 700 денари кои што ќе влезат во основицата на пензијата. До крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Со ова покачување во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија ќе се зголеми за вкупно 1.746 денари, истакна министерката Царовска.

На средбата со битолските пензионери Царовска посочи дека дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и во услови кога имаме раст на економијата и раст на минималната плата за 15 отсто и за 5 проценти на просечната плата.

Според Илија Ивановски, заменик директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, со пензиската реформа само за една година направена е заштеда во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 3 милијарди денари, а приходите на Фондот за ПИО се зголемени за 10 отсто.

– Пензиите се покачуваат во време кога 11 месеци по ред пензиите се исплаќаат без позајмици и кога спроведувањето на пензиската реформа даде одлични резултати, нагласи Ивановски.

Посетата на Битола министерката Царовска ја искористи и за средба со корисниците на Регионалниот ресурсен центар за лица со попреченост и Домот за стари лица Сју Рајдер во тој град.

Next Post

Изграден Центарот за обновување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата

НАЈНОВО

Интерстелар – филмот што инспирираше вистинска физика

Интерстелар – филмот што инспирираше вистинска физика

October 23, 2025
Фото: Влада

Мицкоски: Иднината на државата е во ЕУ

October 23, 2025

Рубио: Израелските планови за анексија на Западниот Брег го загрозуваат примирјето во Газа

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk