ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

До Нова година бесплатно чипирање на милениците, почнува кампањата за помалку бездомни животни

Автобусот што сообраќа на релацијата Автокоманда – Сарај е веќе облепен со „паролите“ и така ќе вози низ градот еден месец.

December 5, 2019 14:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секој одговорен сопственик треба да ги микрочипира домашните миленици, а нивното напуштање е казниво со закон. Ова се двете пораки кои од денеска по скопските улици ќе ги пренесува автобусот број „2“ како дел од кампањата за благосостојба на животните што ја спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). пренесе МИА.

 

Автобусот што сообраќа на релацијата Автокоманда – Сарај е веќе облепен со „паролите“ и така ќе вози низ градот еден месец.

Кампањата е за одговорно сопствеништво, официјално почнува денеска и е во рамки на ИПА проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи”. Акцентот на предвидените активности (работилници и едукативни настани со деца) е ставен на потребата од стерилизација и микрочипирање на милениците како едни од основните мерки за намалување на популацијата бездомни животни.

-Уште еднаш сакаме да укажеме на обврската за одговорно сопствеништво. Потсетуваме и апелираме сопствениците до крајот на годинава да ја искористат можноста за бесплатно микрочипирање на  милениците. Рокот трае до 31 декември, рече директорот на АХВ, Зоран Атанасов на промотивниот настан во Министерството за земјоделство.

Здравствената заштита на животните и нивната благосостојба се на највисoко ниво во ЕУ, а надлежните се обидуваат тоа да го пренесат и кај земјите-аспиранти за членство. Како што истакна проектниот менаџер Костас Супилас, се применуваат и правила за здравје на растенијата кои, исто така, треба да станат пракса во потенцијалните членки на Унијата. Затоа се и ИПА проектите, како вид поддршка во оваа насока.

-Лани беше забележан голем напредок во хармонизацијата на законодавството во вашата земја, но и натаму има области кои треба да се подобрат, а тоа се безбедноста на храната, благосостојбата на животните, контролата на штетни организми и употребата на пестициди. Овие прашања ќе се земат предвид во овој проект, напомена Супилас.

Министерот за земјоделство Трајан Димковски претходно подвлече дека заштитата на здравјето на луѓето, животните и растенијата кај нас се приоритет. Но, моментно, додаде, се соочуваме со предизвици во однос на исполнувањето на фитосанитарните барања за земјоделските производи од пакетот на европското законодавство за официјални контроли кои стапуваат во сила за неполни два дена.

-Во овој контекст, потребно е градење цврсти институции што ќе гарантираат спроведување и почитување на европските стандарди. Од друга страна, потребни се земјоделски производители кои ќе работат согласно новите барања, посебно во однос на одржување и контролирање на здравјето на растенијата и правилната употреба на пестидици, рече Димковски.

ИПА проектот почна во јануари годинава, а треба да заврши во декември 2020 година. Финансиран е од ЕУ со 1,6 милиони евра. Се очекува да ги зајакне административните капацитети на институциите и да ги подобри контролите во интегрираниот систем на безбедноста на храната. Голем дел од проектните активности се насочени кон кампањата за одговорно сопствеништво, односно благосостојба на животните, но ќе се спроведат уште три кампањи: за квалитет на сурово млеко, за означување храна и за систем за нештетно отстранување нус-производи од животинско потекло. Проектот треба да спречи внесување карантински штетни организми, употреба на заштитни препарати при производство на храна, како и нивна ефикасна контрола.

Следната, 2020-та, ќе биде Меѓународна година на здравјето на растенијата, а како што најави министерот, и земјава ќе се вклучи во одбележувањето преку информативни кампањи, трибини и промоции под мотото „Здрави растенија, здрав живот“.

Според АХВ, досега се чипирани вкупно 72.311 миленици од кои најмногу кучиња.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Битка за Дошница – сомнителни концесии за мали хидроцентрали и ефектот Грета Тунберг

July 29, 2025

ОН: Во Газа влегува само половина од потребната помош, стотици илјади луѓе гладуваат

July 29, 2025

Европратеници бараат „значајни акции“ од ЕУ како одговор на иницијативата за израелска анексија на Западниот Брег

July 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори на хоризонтот: ВМРО-ДПМНЕ без кандидати во албанските општини; партиите на терен пред официјалниот старт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За неопходноста на македонскиот народ од северномакедонски национализам и негов(и) политички носител(и)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандалозни измени на Законот за полиција: Полицаец осуден за кривични дела нема да се брка од работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Половина милијарда за ветер(ници) во Штип – 100 милиони прашалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Нема да воведуваме санкции против Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk