ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Измените на Законот за јавнообвинителска служба в среда на собраниска седница

Пратениците од СДСМ и од ДУИ предлагаат да му се овозможи на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да добие овластување да ги потпишува налозите за сите трошоци на СЈО.

December 5, 2019 15:56
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Измените на Законот за јавнообвинителска служба со кои треба да се реши статусот на вработените во Специјалното јавно обвинителство треба да се најдат на собраниска седница на 11-ти овој месец.


Пратениците од СДСМ и од ДУИ предлагаат да му се овозможи на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да добие овластување да ги потпишува налозите за сите трошоци на СЈО.

-Со истекот на мандатот на специјалниот јавен обвинител и со завршувањето на мандатот на другите јавни обвинители од СЈО, нема кој да ги потпишува финансиските документи. Има Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за јавнообвинителска служба во кој се предвидуваат решенија во врска со прашањето во делот на платите на јавнообвинителските службеници. Ќе се разгледува и ќе се создаде услови некој да одлучува во врска со тоа. Сега навистина би било прејудицирање по тоа прашање, рече Јовески одговарајќи на новинарско прашање по денешната промоција на новата интернет-страница на ЈОРСМ.

Во врска со предметите на СЈО, Јовески рече дека очекува до крајот на месецот и останатите девет-десет предмети да се прераспределат во надлежност на соодветни обвинителства.

-Сите предмети што Јавното обвинителство ги презеде од СЈО што се во постапка, како што и многупати кажав, првенствено сме насочени кон оние што се во фаза на судења, потоа од истрагите од кои требаше да се преземат определени дејствија од итна природа, каде што во разни постапки судовите бараа определени мислења. Тие истраги се распоредени и има еден дел истраги кои се уште не се распределени на надлежно постапување по обвинителствата. Тоа се некаде околу девет-десет. Очекувам дека до крајот на месецот и тие предмети ќе се прераспределат во надлежност на соодветни обвинителства, рече Јовески.

На прашање дали има отворено предистражни постапки за судии, републичкиот јавен обвинител одговори негативно.

-До овој момент нема отворено предистражни постапки за судии, ниту по тоа прашање е разговарано со јавниот обвинител кој раководи со Jавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Доколку некој од Обвинителството смета дека треба да се потврдат одредени истраги за определени лица за тоа има можност да се обрати до Јавното обвинителство, рече Јовески.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Спасовски: Потврдувам дека се работи на расчистиување на работите во три фирми

НАЈНОВО

„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

„Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш на ангелите во Скопје

September 16, 2025
фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk