Ливерпул вчеравечер го совлада Евертон во 15. коло од шампионатот на Англија со 5:2 во градското дерби, а овој дуел ќе остане забележан по јубилејната 100-та победа за тренерот на „црвените“ Јирген Клоп.
За да се стигне до овој јубилеј на германскиот фудбалски стручњак му беа потребни 159 натпревари.
Клоп до 100 премиерлигашки победи дојде побрзо од легендарните Алекс Фергусон и Арсен Венгер, но не и од Жозе Мурињо.
Ливерпул е непоразен на Енфилд 48 натпревари по ред, а 32 натпревари по ред непоразен е во Премиер лигата, што претставува нов клупски рекорд.
Ливерпул со оваа победа го изедначува најдобриот старт во историјата на лигата (14 победи и 1 реми од 15 стартни натпревари), заедно со стартот на Спарс во 1960 и стартот на Манчестер Сити од 2017 година.
Ј.Ѓ.