ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кога треба Македонското Собрание да го ратификува Протоколот за членство во НАТО?

Во земјава сите се согласни во едно – членството во НАТО е стратешка цел број еден и тоа никој не го оспорува, но не постои согласно околу тоа дали Собранието во време на избори може да го ратификува Протоколот

December 5, 2019 10:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава сите се согласни во едно – членството во НАТО е стратешка цел број еден и тоа никој не го оспорува, но не постои согласно околу тоа дали Собранието во време на избори може да го ратификува Протоколот, пренесува МИА.

ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе со иницијатива до Владата во најскоро можно време до Собранието да го достави Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор и на Пристапниот протокол за членство.

-Нашата иницијатива има за цел да го забрза и да го обезбеди ратификувањето на Северноатланскиот договор и Пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на Собранието, пред истото да се распушти заради одржување на предвремените парламентари избори, кои треба да се одржат на 12-ти април 2020 година, образложи вчера координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, додавајќи дека ваквата постапка е во пракса, која се применила при влезот на Црна Гора во НАТО.

Тогаш во април 2017 година, Парламентот во Подгорица предвремено ги ратификуваше овие документи, а ратификацијата на протоколот за пристапување на Црна гора во НАТО од страна на Холандија и Шпанија се случила еден месец подоцна. во мај 2017 година.

Од партијата со апел до Талат Џафери најбрзо што може да ја испрати иницијативата до Владата, а собранискиот спикер вчера за тоа се прогласи за ненадлежен.

Тој вчера рече дека Владата, а не Собранието е надлежна за постапување по иницијативата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Потврди дека вчера група пртеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата до него доставиле барање за иницирање, односно за препраќање до Владата на иницијатива за доставување Предлог-закон за ратификација на договорот за НАТО.

– Од формален аспект еден документ што влегува во Собранието во соодветна процедура моја обврска е да го разгледам актот соодветно и по однос на надлежностите да постапувам. Имајќи предвид дека Собранието врз основа на членовите на Деловникот на кои се повикуваат пратениците ги нема тие надлежности, сметам дека е соодветно истиот акт, како и при сите други случаи за кои Собранието не е надлежно да постапува, да се препрати до надлежниот орган на кој што се однесува проблематиката, во конкретниов случај до Владата на Република Северна Македонија, изјави Џафери.

А лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села вчера најави дека Алијансата за Албанците, како политички субјект, бара ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО да се одржи на пленарната сесија на 11 декември, за да истиот не се искористи како причина за одложување на предвремените парламентарни избори.

-Денес е време да поднесеме барање до владата и до сите политички партии дека поддржувањето на ваква иницијатива нема да биде прв пат. Затоа што има преседани. Исто така, имало слични случаи кога не гласале сите земји, како што е случајот со Црна Гора кога собранието гласаше за протоколот пред истото да се случи од сите земји членки на НАТО, така што тоа е доволна причина за нас да гласаме, рече вчера Села.

Џафери е на став дека откако ќе биде распуштен Парламентот не треба да се свикува за евентуално ратификување на Протоколот за членство во НАТО.

Ако во меѓувреме Шпанија избере Влада и го ратификува нема да има никакви пречки, но ако ратификацијата во оваа земја се случи во изборниот период, според Џафери постои можност Протоколот да биде ратификуван по завршување на изборите и конституирање на новиот парламентарен состав.

И за претседателот Стево Пендаровски не е спорно Протоколот да се ратификува по изборите.

Доколку се случи Шпанија да формира влада и да го ратификува Протоколот за членство на земјава во НАТО во предизборниот период, тој во интервју за ТВ 24 рече дека не е спорно ратификацијата да се случи по конституирање на новиот собраниски состав.

– Ако сите ратификации завршат и се чека на нас, бидејќи по сите 29 ратификации и ние треба да го ратификуваме Протоколот,  а ние немаме Парламент и дојде до ситуација од нас да зависи,  ќе го ратификуваме во април по изборите, рече Пендаровски.

Во врска со предлогот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се изгласа ратификација со одложено дејство Пендаровски смета дека се уште има правни дилеми дали тоа би било правно издржано.

За вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, пак, би било неодговорно да направиме што било што ќе го загрози членството во НАТО – стратешка цел број еден, макар и да ја одложи на одредено време.

Таа појасни дека одложувањето на изборите не е опција, а веќе се разговара со дел од пратеници и со други институции за можност за свикување на Собранието и по закажување на изборите, оти вели тој собраниски состав е функционален. -Ние во ниеден момент не можеме да кажеме – немаме Собрание, смета Шекеринска.

Next Post

Монд: Руски шпиони на Алпите имале главен камп за операции во Европа

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk