На 11 декември на дневен ред пред пратениците во Собранието на Македонија е предлог законските измени за јавнообвинителска служба според кој се предлага меѓу другото сите парични и платни налози, но и работни задачи за вработените во Специјалното јавно обвинителство да се грижи републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовески, пишува Слободен печат.
Во предлог законот е наведено дека сите порано вработени во Основното јавно обвинителство да се вратат на своите стари работни места, а за останатите ќе се направи систаматизација.
Воедно, се предлага републичкиот Јавен обвинител да има надлежност и врз истражителите кој своевремено СЈО ги позајми од МВР и од Финансовата полиција, а во иднина ќе работат на случаеви кои ќе ги отвори ОЈО.