Иницијативата за предвремена ратификација на протоколот за членство на нашата земја во НАТО, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев ја цени како обид за профитирање на политички поени од една партија која според него досега не покажа интерес на овој важен интегративен процес.
– Кај беше ВМРО-ДПМНЕ кога се носеа храбри одлуки – праша премиерот Заев, при што потсети дека во тоа време пратениците од опозициската партија не само што биле надвор од преговарачкиот процес туку и стоеле над глава на пратениците кои ги подржаа историските одлуки за членство во НАТО.
А. Зеќири