ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Информации за условите „Купи куќа, купи стан“ на едно место

Информации за проектот „Купи куќа, купи стан“ од денеска до 8 декември граѓаните може да добијат на саемот што се одржува во Скопје Сити мол. На сите заинтересирани на едно место им се достапни информации од Министерството за финансии, банките што се вклучени во проектот и градежните компании, и како да аплицираат за него

December 6, 2019 10:45
in ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Информации за проектот „Купи куќа, купи стан“ од денеска до 8 декември граѓаните може да добијат на саемот што се одржува во Скопје Сити мол. На сите заинтересирани на едно место им се достапни информации од Министерството за финансии, банките што се вклучени во проектот и градежните компании, и како да аплицираат за него, пренесува МИА.

Проектот, кој им дава поддршка на граѓаните да стекнат сопствен дом, има променти услови од годинава, односно меѓу промените е пониската каматна стапка.

Така за одобрување субвенциониран станбен кредит за моделите каде што се субвенционира ратата од кредитот од страна на државата, каматната стапка е намалена од 3,95 на 2,9 отсто, додека за четвртата и петтата година каматната стапка е намалена од 4,44 на 3,9 отсто. И кај моделите каде што се субвенционира учеството каматната стапка е намалена од 4,5 отсто + ЕУРИБОР на 4 отсто + ЕУРИБОР.

Понудени се и нови модели, особено поволни за младите на возраст до и наполнети 35 години. За купување стан, субвенцијата на месечната рата е зголемена од 50 на 70 отсто. Исто така, зголемена е и субвенцијата за моделите каде што се субвенционира учеството од 50 на 70 отсто.

Годинава се одвоени два милиони евра за субвенции, а проектот е предвидено да продолжи и следната година, за кога се планирани во буџетот 125 милиони денари.

Оваа година има доделено 97 станбени кредити во износ од 3,6 милиони евра и доделена субвенција од 1,1 милион евра, а само последните три месеци има доделено 61 кредит. Од вкупно одобрените кредити годинава за млади се 48. За станови се 71 од одобрените кредити, а останатите се за куќи. Се очекува до крајот на годината да има околу 150 доделени кредити.

Next Post

Индија: Убиени четири мажи осомичени за убиство и групно силување

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk