ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МАСИТ и Државниот студентски дом „Скопје“ ќе соработуваат за подобрување на условите за студентите

Има за цел збогатување на квалитетот на животот на студентите, со вложување за остварување на подобар студентски стандард

December 6, 2019 16:15
in ОПШТЕСТВО

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Државен студентски дом „Скопје“ – Скопје потпишаа Меморандум за соработка во временска рамка од три години со цел унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности на институциите, а во корист на остварување на интересите и потребите на студентите кои престојуваат во домовите, пренесе МИА.

Како што соопшти Државниот студентски дом, меморандумот опфаќа работи од заеднички интерес, базирани на искористувањето на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови на двете страни во полза на студентите и е во рамки на следните активности.

Има за цел збогатување на квалитетот на животот на студентите, со вложување за остварување на подобар студентски стандард; поврзување на бизнис заедницата со тековните проблеми од делокругот на работа на ДСД Скопје и иницирање на донаторски процедури, поврзани со збогатување на културно-забавни, спортско-рекреативни и други активности на студентите, се наведува во соопштението.

МАСИТ ќе овозможи поддршка на ДСД Скопје во насока на вмрежување на студентите преку своите проектни активности за дигитално описменување, со цел остварување на интересите и потребите на студентите кои студираат надвор од местото на живеење и ќе ја поддржуваат организацијата на научни собири и ќе работат на отворање на можности за заеднички проекти.

Како прва значајна активност во рамките на овој Меморандум за соработка е голема донаторска акција која МАСИТ и членките на комората ја организираат преку новогодишната забава, а тоа е донација на компјутерска и канцелариска опрема на студентскиот дом.

Next Post

Одбиено барањето на Јордан Камчев за укинување на мерката на претпазливост

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk