ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сугарески: Со законот за легализација на дивоградби нема да биде опфатен Охридско-струшкиот регион

Во вторник на седница на Влада ќе биде разгледан новиот Предлог-закон за легализација на дивоградби и се очекува да биде донесен во Собранието до крајот на годинава, соопшти министерот за транспорт и врски Горан Сугарески

December 6, 2019 22:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Во вторник на седница на Влада ќе биде разгледан новиот Предлог-закон за легализација на дивоградби и се очекува да биде донесен во Собранието до крајот на годинава, соопшти министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, пренесу МИА.

Во интервју во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма вечерва тој рече дека во новиот закон, кој Министерството за транспорт и врски го подготвило во соработка со ЗЕЛС, нема да биде опфатен Охридско-струшкиот регион и ќе се почитуваат препораките на УНЕСКО.

– Ние како ресорно министерство сме на став да не биде опфатен. По сите критики од УНЕСКО, не смееме да дозволиме во натамошниот период да се случуваат такви работи. Затоа, во тој дел  Охридско-струичкиот регион ќе биде изземен. Цениме дека тука треба да бидеме во согласност со УНЕСКО и со Законот за управување со светското културно наследство, рече Сугарески.

Во новиот закон ќе бидат опфатни објектите кои бесправно биле изградени до 1 октомври 2019 и ќе важат истите услови како и досега, но, нагласи Сугарески, со голема и евидентна разлика затоа  што легализацијата нема да биде 1 евро за квадрат, туку покрај 100-те проценти ќе се наплатуваат и дополнителни  50 отсто казна поради незаконското градење. Суштината е решавање на правниот статус за да не бидат урнати зашто, како што рече, тоа е дилема и трето нема.

Во однос на автопатот Кичево – Охрид очекува да биде завршен до рокот содржан во анекс-договорот, јуни 2021 година, а ќе се обидат, како што рече, со Јавното претпријатие за државни патишта 30 километри од тој автопат (Охрид – Врбјани) да бидат пуштени наредната година. Потоа и преостанатите 27 километри каде што, рече, беа клучните проблеми и пропусти во неусогласеност меѓу проектната документација со состојбата на терен.

-Тука зборуваме за немањето клучки, алтернативни патишта, огромен број експропријации, дислокации на електроенергетски објекти итн. Секој може сè да кажува, дека оставил во наследство проекти, но овде зборуваме за исклучително лоши работи. Тоа е една од клучните причини за падот на БДП тогаш, рече Сугарески во емисијата „Топ тема“.

Next Post

Како бев уништуван од идиоти

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ливерпул со спектакуларна победа го отвори првото коло во Премиерлигата

August 15, 2025

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk