ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечер во Битола премиера на претставата „Си беше еднаш во иднината“ од Сашо Кокаланов

НУ Народен тетатар-Битола вечер на матичната сцена ќе ја претстави премиерата на „Си беше еднаш во иднината“ работена според текстот на Сашо Кокаланов, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ

December 6, 2019 10:30
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

НУ Народен тетатар-Битола вечер на матичната сцена ќе ја претстави премиерата на „Си беше еднаш во иднината“ работена според текстот на Сашо Кокаланов, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, пренесе МИА.

Станува збор за претстава за деца и младинци, на барање на битолскиот театар и по пауза од 25 години кога последен пат на репертоарот во тој театар била поставена тетарска претстава за оваа публика, истакна Илина Чоревска, уметнички раковител во НУ Народен театар-Битола.

-Оваа урбана модерна бајка за две деца, за Адила и Андреја, поучува за многу работи, поучува да се почитуваат различностите, учи дека не треба да се суди на прв поглед, тоа е претстава која посочува дека треба да се слушаат и другите луѓе и дека секогаш треба да се има отворено срце и подадена рака, нагласи Чоревска, во пресрет на вечерашната премиера на „Си беше еднаш во иднината“.

Според авторот Сашо Кокаланов, претставата е генерациска средба во иднината која најмногу зборува за сегашноста.

-Знаејќи дека иднината ни е зад вратата и ќе влезе во нашите животи без тропање, ние просто не можеме, а да не погледнеме од време – навреме низ клучалката или низ окцето на вратата. Нема сигурносна брава што може да ја спречи иднината да влезе во нашите домови, затоа уметниците се трудат да ни ги остават вратите на сегашноста отклучени, а нам да не’ исполнат со доволно гостољубивост и отвореност за да се соочиме со непоканетиот, а неминовен гостин, порача Кокаланов, автор на претставата.

Во „Си беше еднаш во иднината“ вечер ќе настапат актерите Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Огнен Дранговски, Валентина Грамосли, Николче Пројчевски, Никола Стефанов, Филип Мирчевски и Елена Моше.

Next Post

Уметнички инсталации во срцето на Скопје

НАЈНОВО

Интерстелар – филмот што инспирираше вистинска физика

Интерстелар – филмот што инспирираше вистинска физика

October 23, 2025
Фото: Влада

Мицкоски: Иднината на државата е во ЕУ

October 23, 2025

Рубио: Израелските планови за анексија на Западниот Брег го загрозуваат примирјето во Газа

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk