ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска: МојДДВ #Моја награда ќе доделува по десет парични награди на дневно ниво

Како што информира министерката, првото извлекување за главната награда ќе биде во март, а второто на крајот на наградната игра во декември 2020 година.

December 7, 2019 15:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со новата апликација МојДДВ #Моја награда која започнува од 15 декември, граѓаните освен што ќе можат да го остваруваат правото на поврат на 15 проценти од ДДВ, ќе можат да добијат и десет парични награди на дневно ниво. Сите граѓани кои скенираат фискални сметки ќе имаат еднакво право и можности да добијат награди. Ова денеска го изјави министерката за финансии, Нина Ангеловска во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод саемот „Купи куќа, купи стан“, пренесе МИА.

-Сите граѓани кои скенираат фискални сметки ќе имаат еднакво право и еднакви можности да добијат парични награди. Ќе се доделуваат 10 парични награди на дневно ниво, четири награди од по илјада денари, три награди од по 2 илјади денари, три награди од по 3 илјади денари, на месечно ниво ќе има 12 извлекувања за 15 награди по сто илјади денари, и ќе има две главни награди од по 3 милиони денари, рече Ангеловска.

Како што информира министерката, првото извлекување за главната награда ќе биде во март, а второто на крајот на наградната игра во декември 2020 година.

-Со новата апликација граѓаните ќе може и да видат колкав е повратот што го имаат секој момент остварено, колку број на сметки скенирале, и секоја фискална сметка ќе биде потенцијално добитна бидејќи слоганот на кампањата е „Секоја сметка е важна“, рече Ангеловска.

Министерката додаде дека наградната игра е надоградување на проектот МојДДВ што е веќе успешен, и појасни дека главната цел на проектот е борба со сивата економија, да се стават граѓаните во улога на контролори, да бараат фискални смети и да пријавуваат кога има нерегуларност.

Дополнително, таа појасни дека граѓаните преку проектот МојДДВ веќе пријавуваат кога има нерегуларности, а со апдејтираната верзија на мобилната апликација, ќе имаат и посебно копче каде ќе можат уште полесно да пријават неегуларности за да потоа УЈП може да постапи.

Ангеловска истакна дека од Управата за јавни приходи е посочено сите граѓани да си ги проверат своите трансакциски сметки во мобилната апликација, а ако немаат трансакциска сметка или е згрешена да ја апдејтираат за да може да им се изврши исплата на соодветна трансакциска сметка. Таа додаде дека има околу 5 илјади граѓани кои треба да си ги проверат и обноват трансакциски сметки.

Next Post

Тринаесетгодишник избоден со нож во Бутел

НАЈНОВО

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски со кордон од факели под Триумфална: Ти се поклонувам мое Скопје, влегуваме во ново време

November 3, 2025

ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 3 ноември

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk