ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Сугарески: изградбата на клучката е доказ за посветеноста на Владата во изградба на инфраструктурата

Што се однесува до Прилеп и регионот, покрај изградбата на овој проект, се гради региналниот пат од Битола кон Прилеп кај Тополчани, комплетно е завршен патот кон вештачкото езеро,а во завршна фаза е изградбата на ИКТ Центарот чија вредност е 11 милиони евра. За постојниот пат од Фариш до Дреново, поставена е сигнализација и ако временските услови дозволат очекуваме изведувачот одма да почне со работа. Продолжението на патот од Фариш до Прилеп, во должина од 23 километри ќе биде тендериран во јануари, со цел идната 2020 година да биде завршен

December 7, 2019 19:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, како и претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски и пратениците Кети Смилеска и Хари Локвенец, денеска извршија увид во градежните работи на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески рече дека изградбата на клучката е доказ за посветеноста на Владата во изградба на инфраструктурата.

„Можам да потенцирам дека Министерството за транспорт и врски досега има реализација на капиталните инвестиции од 71%. Во моментов се работат 28 проекти, 7 се во постапка за тендерирање, а други 20 ќе бидат објавени на почетокот на следната година. Исто така, сериозен процент на реализација има кај ЈП за државни патишта, како и во Македонски енергетски ресурси а процентот на реализација на гасификацијата е 78 отсто.

Што се однесува до Прилеп и регионот, покрај изградбата на овој проект, се гради региналниот пат од Битола кон Прилеп кај Тополчани, комплетно е завршен патот кон вештачкото езеро,а во завршна фаза е изградбата на ИКТ Центарот чија вредност е 11 милиони евра. За постојниот пат од Фариш до Дреново, поставена е сигнализација и ако временските услови дозволат очекуваме изведувачот одма да почне со работа. Продолжението на патот од Фариш до Прилеп, во должина од 23 километри ќе биде тендериран во јануари, со цел идната 2020 година да биде завршен.

Она што е клучно, експресниот пат, се прават завршните подготовки за објавување на тендерот за преостанатите 65% кои треба да се направат од Фариш до Дреново. Нашите очекувања се дека до крајот на оваа, или почетокот на следната година ќе биде објавен тендерот, за да од март продолжи неговата изградба. Паралелно се работи и на делницата Градско-Дреново, така што очекуваме дека за година и нешто, експресниот пат ќе биде комплетно завршен“, истакна министерот Сугарески.

Министерот за транспорт и врски напомена дека во тек е изработка на проектна документација за автопат од Прилеп до Битола, додека патот од Штавица до Витолиште е влезен во програмата на Македонијапат. Ист е случајот и со патот од Кадино село преку Галичани до Кривогаштани, а патот Кривогаштани – Крушево ќе биде завршен до јуни 2020 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мургашанска за Зелен Цивил: Управувањето со отпад бара заедничка акција

May 28, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп: Ако Путин ги одолговлекува мировните преговори ќе одговориме малку поинаку

May 28, 2025

Наместо мигранти кои ќе чекаат азил, во Албанија пристигнаа мигранти на кои им е одбиен азил во Италија

May 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Аце Циганот“ по 27 години бегство се враќа во Шутка, му се отвара ли патот и на Груевски за да слета во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бочварски: Со новиот долг од 6 милијарди евра ќе стигнеме до критична точка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Рената Дескоска примена во Европската академија на науките и уметностите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Убиен за 10.000 евра бидејќи се сомневале дека предал дел од обвинетите за „Монструм“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk