ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Нема да не нѐ биде!

„Не не бива“ е политички проект за смена на власта преку форсирано создавање на атмосфера за смена: хаос, очај, огорченост, проекција на одговорноста во актуелната власт. Во политичка смисла, тоа е пучистички проект, а во културолошка и во психолошка смисла е самоубиствена злосторничка работа. Не поради власта, туку поради разбиеното јадро на општеството. Кое може и да поверува во тој рефрен, но во моментот кога ќе види дека било заведено, нема кај да се врати.

December 9, 2019 18:23
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Каква е оваа крекетажа, бе: „не нѐ бива“, па „не нѐ бива“.

Никој не оди да моча или да сере под некоја грмушка во паркот, или, ко вистински Македонец, под Триумфекалната капија, сите да го видат и да му кажат „браво, мајсторе!“, ти мора да си од Редот на кикифриките, туку секоја шуша сере по државата.

Без да го спуштат капакот.

Плус ја ебат!

Кој како ќе стигне.

„Да ти ебам државата“ – го знаете тој рефрен, не!?

„Шубидубиду, вмро је ту, јебаќе вам мајку сву!“

„Перса је била моја краљица, али њен краљ и сан, нисам био ја, веќ, Христијан!“

Кој курац сите врескаат!?

Ако навистина не нѐ бива – дотолку повеќе.

Поразите и несреќите, особено ако се историски и дефинитивни, се преживуваат во тишина.

Зошто сме и во смртта некултурни, непристојни и неморални? Кон сопствената смрт. „Не нѐ биваааааа, бееее!“. Па, добро, не викам дека нема да не нѐ биде, макар што во обратна насока јас имам да кажам милион пати повеќе, поважни и порелевантни работи од комплетниот кокошарник на вмро и на интелектуалците што се одметнаа од разумот, но од каде, тоа тука ме интересира, таа потреба небиднината да се огласува во толкави, јас би рекол, понеподносливи количества од самата несреќа. Секоја фамилија моли да се почитува нејзината приватност и тага кога се соочува со смртта. Така е насекаде и отсекогаш.

Само ние кокодачиме со веста дека „не нѐ бива“.

Не му се обраќаме на светот, туку на самите себе си кокодачиме.

Како божем го објавуваме отворањето на денот со спуштањето на завесите пред Македонија.

„Не не бива“ е политички проект за смена на власта преку форсирано создавање на атмосфера за смена: хаос, очај, огорченост, проекција на одговорноста во актуелната власт. Во политичка смисла, тоа е пучистички проект, а во културолошка и во психолошка смисла е самоубиствена злосторничка работа. Не поради власта, туку поради разбиеното јадро на општеството. Кое може и да поверува во тој рефрен, но во моментот кога ќе види дека било заведено, нема кај да се врати.

Перса е мала епизода во тој проект.

Кикифрики е малку појака карта.

Рекет е кента итн.

Второ, „не нѐ бива“ е суеверенистичка пиздарија.
Луѓето викаат „не нѐ бива“ како ритуална мантра за растерување на злото. Како некаков одбранбен механизам. Има такви некои шамански работи кога смртта се брка така што пречесто се споменува, се банализира, па на крајот на јадната не ѝ се доаѓа да земе некого. Некој поединец или цело племе, град, држава или нација.

И третиот блок се оние на кои им е прекурчено од Македонија, искрено им е прекурчено од постоењето на Македонија единствено низ фотмата на преживувањето, спасувањето, оцелувањето, борбата со негаторите и сл. Тие бараат нешто повеќе, а ако тоа не можат да го добијат, спремни се да дадат свој придонес, макар и само во мислите, кон проектот „не нѐ бива“. Главен проблем и за пучистите и за суеверните и за прекукуристите, е тоа што мантрата им трае, еве, веќе толку години, а тоа што не го бива опстојува и во многу аспекти напредува, во некои работи, бележи дури и драматични скокови кон светлата иднина. Не само поради НАТО и ЕУ.

Македонија излегува од смрдливата каца на вмро-дпмне, подзасмрднува, нормално, ама е надвор, ставена е под туш и јас се надевам дека наскоро ќе излезе згодна, чиста и намирисана. Хахаха! Така што катастрофичарите сѐ почесто влегуваат во зоната во која караванот врви толку побргу колку што тие пострвно јадат од “ненебивачките” говна.

Дури би можело да се каже дека Северна Македонија се покажа како многу отпорен организам, на моменти еластичен, на моменти корав, на моменти лизгав, на моменти сув. Македонија ја издржа агресијата на еден милион организирани и произведени катастрофичари, нивната непрекината агресија, секој ден, секоја секунда, Франција би паднала три пати кога би била изложена на такви внатрешни напади на 30 милиони Французи. Таков е, имено, релативниот однос на силите.

Целокупната историја на вмро-дпмне во Македонија е историја на доближувањето на општеството до ставот „не нѐ бива“. Тоа е централна точка на нивната мисија. Комплетното прислушување имаше и има за цел да го одлепи општеството од својата супстанца на неповратен начин. Тоа е примарната цел. Производството на неподносливо количество компромитирачки материјали кои од една страна ќе го релативизираат вистинското зло, а од друга страна нема да остават трунка чист простор за рехабилитација на нацијата и на државата. Рекет е дел од тој серијал. Но, за разлика од првите прислушкувани материјали, тој е снимен според сценарио. Во ударните моменти, тој серијал успеа да го хистеризира општеството според зацртаните планови на авторите, но, подоцна, а и сега по почетокот на судскиот процес, се гледаат сите слабости.

Најголемата е тоа што се гледа дека станува збор за продукција, а не за случајно уловен криминал, што се гледа од неприродноста на самиот криминал, на актерите, на нивните мотиви и врска на предметите што се снимени како докази, чанти, пари што ги нема, односно ги нема на број и во континуитет, Катица на која ѝ се сугерира криминал каков што во таква форма, обем и начин, не би извела ниту најглупавата особа на светот.

Со други зборови „рекет“ се покажува како ретка супичка што ни се сервира во дупнати лажици. Не во кутлачите на кикифрики.

Генерален заклучок: Ниту еден процес не може да се изведе до крај, додека не се отвори случајот со Злосторничкото здружение на вмро-дпмне кое е генерален извор на криминалите што се политички мотивирани и се правени со идеја да произведат политички импликации. Тоа е разликата со другите криминали. Таква истрага имаше во еден од предметите на СЈО, не знам до каде е таа работа по најновиот развој на настаните. Јас знам дека станува збор за бројни и тешки умрежености, лични, партиски, финансиски, деловни, апашки, но тие работи полека ќе се отплеткуваат. Секој ќе си го добие заслуженото. Кога, не знам, ама знам дека ќе го папаат сите. Луѓето треба да имаат поголем респект за реалноста на ситуацијата, за сите овие моменти, друг пат нема.

 


Сите права се задржани. Преземање на содржините e НАЈСТРОГО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK. 
Со неовластено преземање на делови или цели прилози од оваа веб страница, СЕ СОГЛАСУВАТЕ на FRONTLINE.MK да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Со дефиле на 50 делегации во Скопје започна Европскиот младински олимписки фестивал 2025

July 20, 2025
Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk