По повод Меѓународниот ден за човекови права денеска ќе се организира панел-дискусија на тема „Правата на помалубројните заедници во Република Северна Македонија“.
Панел-дискусијата е во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, преку проектот насловен „Зајакнување на демократијата преку остварување на правата на заедниците“, финансиран од Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија.
Целта на панел дискусијата, информираат организаторите, е зајакнување на свеста на пошироката
јавност за почитување на основните права на граѓаните кои припаѓаат на помалубројните заедници во Република Северна Македонија.