ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Решени сме да бидеме победници останувајќи посветени на европските реформи

Како што соопшти МНР, на брифингот со неформалната парламентарна група Пријатели на Северна Македонија, чиј иницијатор е словенечката европратеничка Ирена Јовева, министерот Димитров изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на ЕП за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, со очекување дека таа ќе биде зајакната со новиот состав на ЕП

December 10, 2019 14:38
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Како што соопшти МНР, на брифингот со неформалната парламентарна група Пријатели на Северна Македонија, чиј иницијатор е словенечката европратеничка Ирена Јовева, министерот Димитров изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на ЕП за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, со очекување дека таа ќе биде зајакната со новиот состав на ЕП, пренесе МИА.

Во оваа прилика, се додава, тој ги информираше соговорниците за последните реформски активности и конкретните резултати, а се осврна и на регионални прашања и нашите напори за унапредување на добрососедските односи.

Министерот Димитров изрази почитување за реакцијата на поддршка на ЕП преку донесената резолуција со која се повикува ЕУ да донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, веднаш по октомврискиот самит на ЕУ.

-Државите, како и луѓето, имаат потреба од пријатели. Со пријателите патот е помалку стрмен! Решени сме да бидеме победници останувајќи посветени и напорно да работиме на европските реформи, рече Димитров.

Европратениците  од своја страна, се наведува, позитивно ги оценија реформските постигнувања и дадоа силна поддршка за исполнување на европската стратешка цел на Северна Македонија, што поскоро.

Министерот Димитров денеска се сретна и со Бјорн Сиберт, шеф на кабинет на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која од двете страни беше искажана цврста заложба за зајакнување и валидирање на европската позиција на Северна Македонија.

-Доколку новите ЕУ институции имаат похрабри стратешки цели и поширок геополитички видик, нашиот пример е одлична можност да се докаже дека пристапниот процес е вистинска алатка за европска трансформација на државите во регионот, истакна Димитров на средбата, стои во соопштението од МНР.

Next Post

Двотретинско мнозинство за Законот за одбрана, наместо лицитација со ратификацијата, велат од Владата

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk