Поранешниот претседател на ДПА Мендух Тачи во интервју за Телевизија Клан, вели дека ДУИ со нејзиното погрешно делување е кочница на процесите и ги нагласува нападите што ДУИ ги прави кон политичарите Албанци од редовите на СДСМ.
„Реалноста е ова: Последните месеци кочница се ДУИ со нападите коишто ги имаат правено кон различни функционери на СДСМ коишто се Албанци. И беше интересно, како ДУИ не успеа да креира една нова платформа за овие избори – патриотска, обвинувајќи ги високите функционери на СДСМ коишто се Албанци“, вели Тачи.
„Тие се виновни за сè (ДУИ), назадувањето што го имаме во остварувањето на нашите права и јас тука не можам да молчам зборувам коректно и праведно. Не е Мухамет Зекири виновник за ситуација, виновници се ДУИ, коишто се 17 години на власт. Второ: Зошто ДУИ сега ги попречуваа тие Албанци што се интегрирани во СДСМ?
Треба да ги потсетиме: ДУИ беше интегрирана партија која што отвори ограноци во Источна Македонија, со Македонци, со претседатели Македонци по Општинските ограноци итн. Сега ни најмалку не треба да се чудат од ДУИ со ова политика што СДСМ ја прави кај Албанците, и не треба да ги попречува во тоа“, продолжува Тачи.
Тој додава дека тоа е иста политика, и нема потреба Албанците коишто ја поддржуваат ова платформа и овој начин на интеграција, да имаат една партија како ДУИ или да гласаат за ДУИ. Искрено, треба директно да гласаат за СДСМ, потенцира Тачи.
Понатаму тој нагласува дека нема нешто погрдо од тоа да ги гледаш Груби и Ахмети како се гордеат и организираат конференции како тие ја доближиле Македонија до НАТО. Тоа е најголемата лага која што им се пласира на граѓаните, потенцира Тачи.
Најголема заслуга за нас што живееме во Македонија, и оној кој ја доближи Македонија до НАТО, е лидерот на СДСМ – премиерот Заев, којшто го направи историскиот договор со Грција и ги деблокира процесите за европската перспектива на земјата, вели покрај другото Мендух Тачи во емисијата Дебата на телевизијата Клан Македонија.