Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат што финансирале фирмите на Камчев и дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО-ДПМНЕ? Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со денови молчат на јавно поставени прашања поврзани со кампањата на Гордана Сиљановска за претседателските избори, прашуваат од СДСМ.
„Наместо бледи соопштенија од белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да излезат пред јавноста и да одговорат: Што финансирале фирми на Орце Камчев за ВМРО-ДПМНЕ? Дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО-ДПМНЕ? Најновата афера во ВМРО-ДПМНЕ мора да се расчити до крај од надлежните институции, особено што е поврзан и со фирми на Орце Камчев, осомничен во предмети на СЈО“. се наведува во партиското соопштение.