ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Високата корупција е закана за држава

Претседателот Пендаровски повика на соработка меѓу институциите, невладиниот и приватниот сектор затоа што, тоа е еден од успешните начини во справувањето со корупцијата

December 13, 2019 11:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Илустрација

Илустрација

Неспорно е дека постојано вршиме прилагодување на домашното право со правото на ЕУ што е наша стратешка цел. Но, она што е моја лична дилема, а верувам и на најголемиот дел од нашите граѓани е дали државните институции суштински или само формално ги имаат усвоено и ги следат европските вредности и принципи во оваа област, рече претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на денешниот Регионален форум за борба против корупција на тема „Исполнување на ветувањето за проширување на ЕУ: 30 години добро управување и антикорупциски реформи во Централна и Источна Европа“, пренесе МИА.


Претседателот Пендаровски повика на соработка меѓу институциите, невладиниот и приватниот сектор затоа што, подвлече, тоа е еден од успешните начини во справувањето со корупцијата, а транспарентноста и отчетноста се темели на доброто управување и владеење на правото.

– Долги години се занимавам со прашањата од областа на безбедноста и слободно можам да кажам дека во изминатите 10 до 15 години во нашата држава високата корупција прерасна во една од најголемите безбедносни закани за иднината на земјата. Тука морам да го издвојам т.н. случај „Рекет“ кој дискредитираше голем дел од нашите напори и надежи за справување со криминалот и високата корупција. Лично не очекував дека носители на толку важни и одговорни функции толку ќе потфрлат во даден момент. Овој случај останува да биде лакмус за правната држава, а со тоа и тест за отпорноста од политички влијанија на клучните институции, истакна Пендаровски.

Според него, искрената борба за правна држава подразбира да се истражуваат криминалите на претходната, но и криминалите на актуелната власт, а истовремено е многу значајно да не се дозволи преку намерно застарување на предметите да се случи таканаречена скриена амнестија на сторителите на дела поврзани со високата корупција.

-Сметам дека е добро што се овозможи да постои континуитет и што предметите од поранешното СЈО беа преземени од редовното Обвинителство. Не постои земја членка на ЕУ која не ни укажува дека мора до крај да го истражиме тој огромен скандал во кој имаше милиони снимки кои мораат да имаат разрешница, во спротивно не може да очекуваме да не третираат како сериозна држава, потенцира Пендаровски. Тој очекува во наредниот период тоа да биде најтешката задача  со која системски и сериозно ќе се зафатиме откако ќе почнеме да преговараме со ЕУ.

Шефот на државата смета дека за ефикасна борба против високата корупција потребен ни е нов закон за  Јавно обвинителство кој ќе ги задоволува највисоките европски стандарди, наместо, како што рече, преку непринципиелни политички договарања зад сцена да ја компромитираме борбата со високата корупција.

Пендаровски се осврна на принципите на Конвенцијата на ОН за борба против корупцијата која укажува на тежината на проблемите и заканата што таа ја претставува за стабилноста и безбедноста, за демократските и за моралните вредности.

– Нам ни е неопходно системско справување со корупцијата и воспоставување нов вредносен систем за што е предуслов јасно изразената волја на релевантните политички фактори во државата, истакна претседателот Пендаровски  и повтори дека неопходните реформи во сферата на владеење на правото и правната држава не треба да ги правиме за да ги задоволиме критериумите за членство во ЕУ, туку за да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите и во сопствената држава.

Next Post

Руслан Стефанов: РСМ е меѓу ретките во земји во регионот што оствари прогрес во борбата против корупција

НАЈНОВО

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

ЗНМ: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk