Управата за јавни приходи денеска соопшти дека се уште во тек е исплатата на повратот на ДДВ која за првото тримесечје треба да заврши до 31 овој месец, пренесе МИА.
Од УЈП апелираат граѓаните да проверат дали внеле точен број на трансакциска сметка и доколку има потреба навремено да направат корекции.
Досега, според информациите на УЈП, поврат на ДДВ е исплатен кај над 50 проценти од корисниците на МојДДВ.