Денеска стапи на сила Уредбата на Европската унија за заштита од билни штетници со која е пропишано дека за внесување живи билки во ЕУ неопходен е фитосанитарен сертификат.
Унгарската царинска служба ги предупреди патниците дека од денеска на границите ќе се контролира внесот на билките, зеленчукот и овошјето, цвеќето, садниот и семенскиот материјал.
Тоа практично значи дека патниците кога влегуваат на територијата на Унијата нема да може да внесат јаболка, сливи, цреши, домати, компири, кромид и друго ако немаат фитосанитарен сертификат.
Сушеното, конзервираното и преработеното овошје и зеленчук може да се внесе во ЕУ.
Оваа мерка се однесува на граѓаните од земјите надвор од ЕУ, но не и на производителите, кои извезуваат кои и до сега требаше да имаат фитосанитарен сертификат.
Оваа мерка се однесува на граѓаните од земјите надвор од ЕУ, но не и на производителите, кои извезуваат кои и до сега требаше да имаат фитосанитарен сертификат.