ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува наградната Мој ДДВ #Моја награда учествуваат и фискални на кои нема пресметан ДДВ

Со слоганот „Секоја фискална сметка е важна“ од денеска почнува наградната игра Мој ДДВ #Моја награда. Граѓаните може да ги скенираат сите сметки, дури и оние на кои е изразено нула денари ДДВ, а кои ќе учествуваат во наградната игра

December 15, 2019 12:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Со слоганот „Секоја фискална сметка е важна“ од денеска почнува наградната игра Мој ДДВ #Моја награда. Граѓаните може да ги скенираат сите сметки, дури и оние на кои е изразено нула денари ДДВ, а кои ќе учествуваат во наградната игра, пренесува МИА.

Наградниот фонд е половина милион евра, а ќе се доделат 3852 парични награди на дневна, месечна и две главни награди.

На дневна основа ќе се доделуваат четири награди по 1000 денари, три награди по 2000 денари и три награди по 3000 денари. Наградите ќе се влечат електронски, известувањето ќе се добива веднаш по скенирање на сметката, а граѓаните средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.

На месечно ниво предвидено е доделување 15 награди по 100.000 денари. Ќе учествуваат фискални сметки во периодот на еден месец од едно до друго извлекување. Нема да учествуваат фискални сметки што веќе биле добитни на дневна награда. Датумите на извлекување се веќе објавени, а првото ќе стартува на 4 јануари, веднаш по лото извлекувањето што се емитува на Канал 5 телевизија.

Доделувањето на главните награди од по 3.000.000 денари ќе се одвива во посебни емисии на 18 март и 19 декември 2020 година.

Наградната игра ќе трае една година до 14 декември 2020 година, а според министерката за финансии Нина Ангеловска ќе даде резултат во намалување на сивата економија.

– Граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе имаат трикратна корист. Ќе имаат шанса да добијат една од 3852-те награди во вкупен фонд од половина милион евра. Ќе добиваат поврат на ДДВ и ќе придонесуваат во борбата против сивата економија која во нашата држава изнесува една третина, рече министерката за финансии на прес-конференција на која го најави стартот на наградната игра.

За учество во наградната игра најпрво граѓаните треба да се регистрирани на системот е-Персонален данок, да се корисници на апликацијата МојДДВ, каде се појавува известување за наградната игра при што треба да се прифатат условите за учество.

Во тек е првата исплата на поврат на ДДВ на граѓаните за месеците јули, август и септември, откако почна наградната игра.

Next Post

Царовска: Жените ја создаваа македонската држава, а истовремено се бореа за рамноправност

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk