ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трибина на СДСМ: Времињата на несигурност се зад нас, продолжуваме на патот на напредокот

На своите сопратијци Заев им порача да почитуваат три принципи – никогаш режим, да зборуваат и да се фокусираат на економијата и одговорност за секој што направил грешка.

December 15, 2019 16:57
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Направивме многу, на прав пат сме и продолжуваме по патот на напредокот, порачаа говорниците на денешната завршна трибина „На прав пат“ што се одржа во спортската сала „Борис Трајковски“.

Претседателот на партијата и актуелен премиер Зоран Заев рече дека времињата на несигурност и нестабилност се останати во минатото, посочувајќи дека во изминатите две ипол години направено е многу во однос на изминатите 11 години. Резултатите во економијата, како што рече, покажуваат дека невработеноста во третиот квартал е намалена на рекордно ниско ниво од 17,1 процент, отворени се 5.263 работни места, има 799.546 вработени и потпишани се 34 нови договори за странски инвестиции.

– Нашата земја е на јасен, чист пат, заедно со најсилните сојузи во светот. Тргнуваме по пат кој ни обезбедува подобар и повисок стандард, посигурни граници и припадност кон семејство од нации ориентирани кон иднината. Од оваа најголема и благородна цел нема отстапување, рече Заев, додавајќи дека на следните избори ќе се избира меѓу напредок и уназадување.

На своите сопратијци им порача да почитуваат три принципи – никогаш режим, да зборуваат и да се фокусираат на економијата и одговорност за секој што направил грешка.

Потпретседателката на СДСМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, осврнувајќи се на успехот постигнат со зачленувањето во НАТО, рече дека е испишана историја.

– Вредеше, дадовме збор и донесовме резултат. Пред 10-тина дена, секој наш Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак… имаше чувство дека победил, дека успеал, дека има причина да биде горд. После години пред вратите на НАТО, тој ден бевме внатре, бевме свои на своето заслужено место во најмоќниот сојуз. Овој наш успех не беше лесен ниту беше извесен. Најлесно беше да го искористиме старото лошо искуство и да се жалиме над својата судбина, но решивме да бидеме амбициозни, да се бориме и да сработиме. Резултатот пред 10-тина дена покажа дека сме биле во право, истакна Шекеринска.

Оваа Влада, според Шекеринска, е и првата која докажала дека жените и мажите можат и мораат да бидат еднакви и да имаат исти шанси.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека со помош на скопјани успеале Скопје да го претворат во успешна приказна.

– Со вашата поддршка од пред две години успеавме чекор по чекор Скопје да го претвориме во успешна приказна. Но, приказната не завршува овде. Најдоброто допрва доаѓа, порача Шилегов, додавајќи дека се преземаат системски мерки во делот на хигиената, сообраќајот и аерозагадувањето на градот.

Најави во февруари пристигнување на новите 33 еколошки автобуси на гас, а во изминатите две години рече дека е е решен проблемот со концесијата на депонијата Дрисла која конечно се враќа во владение на Градот. Во делот на аерозагадувањето спомена дека се преземени 28 системски мерки кои ќе дадат резултати на краток, среден и долг рок, а во однос на инфраструктурата рече дека градските улици се реконструираат многу побрзо и многу поевтино и оти паралелно во моментот се градат четири булевари.

Во рамки на трибината, младите социјалдемократи ја прочитаа нивната повелба со која испратија порака дека сакаат да живеат како дел од Европа.

Нашата земја ја гледаме како дел од современа Европа, како млади луѓе одбиваме да живееме во изолиран систем, порачаа младите социјалдемократи.

Next Post

Пијан кумановец омаловажувал полициски службеници

НАЈНОВО

Скриншот

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца

October 27, 2025

„Ле Каландре“ од Италија е најдобар ресторан во светот за 2025

October 27, 2025
Фото: МИА

Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk