Поднесените амандмани за Изборниот законик, 9000 од ВМРО-ДПМНЕ и 5000 од ДУИ можат да ги одложат предвремените парламентарни изборни закажани за 12 април 2020.
За одржување на демократски избори, според Уставот, потребно е претходно да се изгласаат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и да се поправи разликата во бројот на гласачи во 6 изборна единица каде има повеќе од 5% гласачи над просечниот број на гласачи во сите изборни единици. Ако не се исполни првиот услов, според препораките на ОБСЕ, изборите нема да добијат позитивна оценка од меѓународните набљудувачи, а ако не се поправи вториот услов тогаш истите можат и да пропаднат. Со актуелната распределба на гласачите по изборни единици, секој граѓанин може да поднесе претставка во Уставен суд и изборите да се прогласат неуставни и да се поништат.
Поднесените амандмани против предлогот за промена на Изборниот законик ја блокираат и поправката на актуелната ситуација од која може да се излезе само со промена на изборен модел или промена на границите на изборните единици со што населени места од 6 изборна единица би се префрлиле во првата или петтата единица. Но, со создадената тензија меѓу парламентарните партии целата процедура е ставена на статус кво позиција. Иако беа најавени координации, работните групи уште немаат ништо конкретно ниту за препораките н ОБСЕ/ОДИХР ниту за изборните единици.
Ако до распуштање на Собранието не се направат соодветните промени изборите ќе мора да се одложат или истите да се прогласат за неуставни по нивно одржување.
Арбен Зеќири