ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Пендаровски гази на „тенок мраз“

Претседателот, без разлика што е избран на „тикетот“ на сегашната владејачка коалиција, тој не е во Кабинетот за да ги претставува (само) нивните политички платформи. Особено – nota bene и sotto voce, за драмски ефект! – на СДСМ. Фала на прашање, свесен е Пендаровски со која политичка структура, историски, си има работа. И сè е тоа убаво и за пофалба, додека не се претера.

December 16, 2019 22:58
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Многу е забавно да се има г. Стево Пендаровски за претседател на државата. За шест месеци откако влезе во претседателскиот кабинет, Пендаровски, збирно, има дадено повеќе интервјуа (последното, некни, за „Фокус“), повеќе изјави и има одржано повеќе прес-конференции и разни други публични обраќања, отколку Ѓорге Иванов за десет години на таа функција, плус мандатите на Црвенковски, Трајковски и Глигоров – заедно!

Добро, се разбира дека претерувам (освен за Иванов, за него тешко дека има претерување кое би било без основа!), бидејќи – во најдобрата традиција на македонското површно новинарство – не сум губел време да бројам јавни настапи и да правам статистика околу ова мое паушално тврдење. Туку, ваквата оценка ја темелам само врз мој впечаток – нешто што го споделувам како честа вредносна импресија со нашиот Претседател.

Бидејќи, тој е еден од најекстровертните политичари кои ги имала македонската демократија до сега. Сака да си го каже својот став за многу надворешни и внатрешни прашања, а добра половина од нив се на работ и од „најширокото толкување“ на неговиот мандат. Тогаш кога и самиот знае дека се меша во туѓи ингеренции, се повикува на својот професорски и интелектуален ангажман, во „приватен капацитет“ на само уште еден, „обичен“ граѓанин на државата.

Од една страна, со своите либерални, избалансирани, темелно демократски ставови, со своето лично учество во македонската демократска хронологија и одличното разбирање на државата како административно-бирократски апарат (тој е нејзин, врвен, производ), Пендаровски е неверојатно збогатување за политичкиот амбиент во Македонија… Брррр, понекогаш, уште се будам среде ноќ, облеан во студена пот, со кошмарната помисла дека, теоретски, можеше да се случи и г-ѓа Гордана Силјановска-Давкова со својата минатовековна, идеолошки и политички збркана визија за светот, да ни станеше претседател(ка) на државата!

Но, од друга страна, оваа пролиферација на јавно искажани ставови и мислења на Пендаровски за широк опсег на теми во општеството неминовно го прави „подвижна мета“ за основана и неоснована критика, бидејќи од еден претседател на држава се очекува поголема воздржаност и „функционална“ резервираност за теми за кои тој, според Уставот и според демократската практика, би требало да е „последната адреса“ за баланс, за политичка евхаристика и национална соборност, за демократска медијација. Тој е „нуклеарната опција“ кога сите други политички инстанци и процеси претходно „експлодирале“ со меѓупартиски и лидерски недоразбирања, идеолошки спротивставености, валкани игри, дискредитации и суети. Што во македонската стварност се случува барем еднаш неделно, со репризи по три пати на ден, претпладне и попладне.

На ова се надоврзува и повременото инсистирање на Претседателот дека, без разлика што е избран на „тикетот“ на сегашната владејачка коалиција, тој не е во Кабинетот за да ги претставува (само) нивните политички платформи. Особено – nota bene и sotto voce, за драмски ефект! – на СДСМ. Фала на прашање, свесен е Пендаровски со која политичка структура, историски, си има работа.

И сè е тоа убаво и за пофалба, додека не се претера. На неколку теми – на пример, за работата на судиите и обвинителите – Пендаровски веќе гази на „тенок мраз“. Макар и за сè што кажува да е во право, има во тој обид да се биде во резонанца со „гласот на народот“ и политички популизам и мешање во туѓи политички ингеренции и законски надлежности.

Плус, не сум сигурен дека Претседателот, по сопствен избор, е окружен со луѓе кои ова „во мустак“ можат да му го кажат.

Кога ќе изградите во јавноста очекување за сè да имате став и тој став дневно да го соопштувате, „мразот“ може неочекувано да ви пукне под нозете. Долу водата е мраз-студена!

 


Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ/ Фотографија: Б. Јордановска

Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

July 20, 2025
Генерирано со ВИ

При полетувањето и слетувањето, ролетните на авионот треба да бидат подигнати

July 20, 2025

Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Загина мотоциклист на автопатот Табановце-Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk