ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Сугарески: Во Кумановско инвестираме преку 80 милиони евра

Во Куманово и кумановско инвестираме преку 80 милиони евра во реализација на крупни капитални проекти во патишта, нова железница и најважно изградба и реконструкција на канализации и водоводи кои треба да донесат економски развој во регионот, нови инвестиции и нови вработувања и подобар живот за граѓаните

December 16, 2019 14:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Завршивме со рехабилитација на целиот патен правец од Куманово до Свети Николе, инвестиција од 4 милиони евра, изјави Сугарески.

„Само во Куманово и кумановскиот регион инвестираме преку 80 милиони евра во реализација на крупни капитални проекти во патишта, железници и во изградба и реконструкција на канализации и водоводи кои треба да донесат економски развој во регионот, нови вработувања и подобар живот за граѓаните“, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, при денешната работна посета во Куманово.

Во пресрет на владината седница што треба ќе се одржи во Куманово, министерот Сугарески заедно со директорот на ЈП за државни патишта и градоначалникот на Општина Куманово, направија обиколка на инфраструктурните проекти што се реализираат во ресорот транспорт.

„Инвестираме преку 26 милиони евра во реконструкција на патната мрежа. Завршивме неколку патни правци многу значајни за овој регион,  исто така многу значаен правец кој ќе го почнеме идната година е патот до Страцин, инвестиција од 15 милиони евра. Понатаму инвестираме во изградба на железницата кон Бељаковце, инвестиција од 47 милиони евра. Сакам да информирам дека до крај на годината очекуваме ЕУ да ни одобрат неповратни средства за изградбата на заедничката железничка станица со Србија, која ќе се гради кај Табановце. Проектите се комплетно завршени, очекуваме средствата да ни ги одобрат и да распишеме тендер за изградба на станицата.  И според мене најважната работа во која инвестираме е изградбата на водоводи и канализации, проекти со кој директно го подобруваме животот на граѓаните. Имаме неколку активни проекти во кумановскиот регион а веќе подготвуваме и нови проекти за следната година”, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека патниот правец Куманово – Свети Николе е рехабилитиран во цела должина од 42 километри што претставува важна патна врска од граѓаните од Истокот со Република Србија.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски потенцираше дека Општина Куманово најде партнер во реализација на големи инфраструктурни проекти.

„Во изминативе деветнаесет месеци со право можам да кажам дека во Куманово се реализираат многу проекти во инфраструктурата. Со самата реконструкција на овие регионални патишта добиваме добра конекција меѓу општините и поврзувањето на регионите заедно. Североисточниот регион е најслабо развиен плански регион и денеска на владината седница ќе ги разгледаме перспективите за овој регион. Верувам дека овој позитивен тренд на инвестиции во инфраструктурата ќе продолжи и во наредниот период”, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

 

1 of 4
- +

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

June 15, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Парадата – прослава или диктаторско однесување на Трамп?

June 15, 2025
Нуклеарна централа  Bushehr, Иран. Фото: Иранско претседателство/ZUMA/

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: Дебар Маало со нов лик – добива два паркинга, парк, шеталиште и нова општинска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk