После повеќе од 24 години повторно имаме голема шанса еден македонски филм да влезе во номинациите за Оскар. Македонскиот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, ја има таа извонредна можност да се најде меѓу петте филмови кои ќе се натпреваруваат за наградата Оскар.
„Медена земја“ (засега), влегува во потесниот список во две категории.: „Најдобар документарен филм“ и „Најдобар меѓународен долгометражен филм“.
Во номинациите за доделување на престижните филмски награди Оскар кои оваа година се 92-ри по ред, влегуваат вкупно 5 филмови од потесниот список во одделните категории.
Изборот на 5 филмови кои ќе добијат номинации за Оскар ќе се знае на 13 јануари. Главната церемонија на доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари во Холивуд
Во категоријата Најдобар документарен филм, во потесниот избор влегоа петнаесет филмови од сто педесет и девет филмови колку што беа предложени.
Листа на документарните филмови кои одат понатаму наредени по азбучен ред:
“Advocate”
“American Factory”
“The Apollo”
“Apollo 11”
“Aquarela”
“The Biggest Little Farm”
“The Cave”
“The Edge of Democracy”
“For Sama”
“The Great Hack”
“Honeyland”
“Knock Down the House”
“Maiden”
“Midnight Family”
“One Child Nation”
Македонскиот претставник „Медена земја“ влезе и во потесниот избор од десет филмови што ќе преминат во следната рунда на гласање и во категоријата „Меѓународен филм за долгометражни филмови“ (порано познат како филмод неанглиско говорно подрачје). Деведесет и еден филм првично биле во конкуренција
Во прелиминарната рунда били поканети да учествуваат членови од академијата од различни области. Нивните седум избори, надополнети со три дополнителни селекции изгласани од Извршниот комитет за меѓународни награди за филм на Академијата, го претставуваат скратениот список на филмови кои влегуваат во потесниот избор.
За тоа кои 5 филмови ќе бидат номинирани, членовите на Академијата од сите области се поканети да се пријават да учествуваат и мора да ги видат сите 10 филмови од потесниот список за да гласаат.
Филмовите наведени по азбучен ред по името на земјата се:
Czech Republic, “The Painted Bird”
Estonia, “Truth and Justice”
France, “Les Misérables”
Hungary, “Those Who Remained”
North Macedonia, “Honeyland”
Poland, “Corpus Christi”
Russia, “Beanpole”
Senegal, “Atlantics”
South Korea, “Parasite”
Spain, “Pain and Glory”
Досега два македонски филмови биле во најтесниот избор за номинација за Оскар – „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995 во категоријата Најдобар странски филм и кусиот документарец „Дае“ на Столе Попов во 1980 во категоријата „Најдобар краток документарец“.
Ј. Ѓорѓиоски