ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со предавањето на Бранислав Димитријевиќ завршува КРИК 04

На 18. декември (среда), со почеток во 19 часот, во Даут Пашин амам, завршува годинешната програма на КРИК 04 – Човек без својства политики на маргините, со предавањето на еден од најзначајните теоретичари на културата и возуелните уметности, Бранислав Димитирјевиќ, и неговото предавање насловено: Не-современата уметност: понатамошни шпекулации за „не-сега“. После предавањето ќе следи разговор со Натали Рајчиновска Павлеска и модерирана дискусија со публиката

December 17, 2019 09:53
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На 18. декември (среда), со почеток во 19 часот, во Даут Пашин амам, завршува годинешната програма на КРИК 04 – Човек без својства политики на маргините, со предавањето на еден од најзначајните теоретичари на културата и возуелните уметности, Бранислав Димитирјевиќ, и неговото предавање насловено: Не-современата уметност: понатамошни шпекулации за „не-сега“. После предавањето ќе следи разговор со Натали Рајчиновска Павлеска и модерирана дискусија со публиката.

Димитријевиќ отсекогаш предизвикувал полемични контексти во општеството, кои ја контекстуализираат уметноста како длабоко политична, одговорна и не-невина во однос на политичките динамики. Неговите ставови секогаш предизвикувале бурни реакции, па дури и екцесност и во рамки на уметничката и културната сцена, а и општествено пошироко.

Еден од неговите последни провокативни јавни настапи е изнесувањето на ставовите за изложбата на Марина Абрамовиќ, која беше отворена во Белград, со огормна финансиска поддршка на Валдата на Република Србија.

Бранислав Димитријевиќ е професор по историја на уметност и визуелна култура на Школата за уметност и дизајн во Белград. Димитријевиќ студирал Историја на уметност на Универзиетот во Белград и магистрирал историја и теорија на уметност на универзитетот во Кент, Велика Британија, под менторство на професор Стеивен Бан. Негови главни теоретски и кураторски интереси се: визуелна теорија и култута, уметноста во јавниот простор и релациите во општата култура, политика и идеологија.

Натали Рајчиновска Павлеска е независен истражувач во областа на современите уметнички практики, ликовната критика и теорија. Дипломирала на Архитектонски факултет, во Скопје (2006), со одбрана на дипломски труд: анализа на контекст и проект “Центар за сценски и визуелни уметности”, плато на МНТ, во Скопје. Магистрирала на Филозофски факултет во Скопје, при Институтот за Историја на уметност и археологија, модул Современа уметност, со одбрана на дисертација: “Концептуалната уметност во делото на Марсел Дишан, Јозеф Бојс и Art & Language од почетокот до крајот на 20-тиот век.” Од 2018 -та е докторанд на Трансдисциплинарни студии на современа уметност и медиуми во оквир на Интердисциплинарни студии, при Факултетот за медиуми и комуникации, Универзитет Сингидунум во Белград, Србија.

Нејзиното истражување вклучува трансдисциплинарен аналитички пристап, често во релација со актуелните теориски струења и книжевни референтни системи, преку вкрстување на современите уметнички практики и различните општествени и институционални контексти.

Next Post

УЕФА ја казни Албанија затоа што навивачите ја исвиркаа химната на Франција

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk