ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Експрес лонецот“ на македонските скандали

Не е случајно што луѓето се подготвени да се степаат и за дебата на локален ДУП. Ако тоа не е партиско-политички инспирирано, како што веднаш сугерираа некои, тогаш е поразително на едно повисоко ниво. Намерно да се одржува оваа атмосфера во која никој никому ништо не му верува, за политичките партии и партиските функционери може да е прашање на политичка „стратегија“ за останување или повторно освојување на власта, но тоа се претвори во општествена состојба на конфликт на секој со секого. Сè е афера, сè е скандал, од паркирање на улица, до приватен или државен работен ангажман, од упис на дете во градинка, до купување лек во аптека...

December 18, 2019 09:00
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Се молат сите кои поседуваат папки со уредно документирани тешки политички и криминални афери и скандали, како од СДСМ (власт) и од ВМРО-ДПМНЕ (опозиција), така и од ДУИ (власт и опозиција, истовремено), веднаш да ги достават на увид во јавноста, преку медиуми по свој избор.

Не е фер сите да шетаат наоколу и да се закануваат на разни страни дека „само да се распишат избори, па ќе видите што ќе ви направиме!“… Дајте, направете!

Оваа молба важи и за сите новинари и друг вид на „инфлуенсери“, како и за оние кои мислат дека се тоа, а кои со недели се закануваат дека „после празниците“ (!?) ќе активирале вакви или онакви аферџиски „медиумски експлозивни направи“ (скратено: „бомби“), да не чекаат, туку веднаш да објават сè што имаат, бидејќи, повторно, не е фер да нè држат во ваква ужасна, празнична, мелодраматична неизвесност – „Знаеш како се држи будала во неизвесност?“… „Не знам“… „Ќе ти кажам по празниците“… Јавен интерес е тие афери да се објават веднаш, поинаку е сомнително политикантство.

Доколку некој од оние кои поседуваат вакви папки (со снимки, со документи, со сведоштва итн.), а се плашат самите да го сторат тоа (што може да биде сосема разбирливо), постојат, во принцип, два начини како да се избегне личниот ризик: или, анонимно, таквите папки да ги испратат до надлежни институции (Обвинителство, МВР, ДКСК и сл.); или, анонимно, да ги испратат до повеќе медиуми истовремено; а може, најубаво, и комбинација од институции и од медиуми! На тој начин, никој нема да може да ја забошоти аферата, а да не стане дел од неа.

Не е случајно што луѓето се подготвени да се степаат и за дебата на локален ДУП. Ако тоа не е партиско-политички инспирирано, како што веднаш сугерираа некои, тогаш е поразително на едно повисоко ниво. Намерно да се одржува оваа атмосфера во која никој никому ништо не му верува, за политичките партии и партиските функционери може да е прашање на политичка „стратегија“ за останување или повторно освојување на власта, но тоа се претвори во општествена состојба на конфликт на секој со секого. Сè е афера, сè е скандал, од паркирање на улица, до приватен или државен работен ангажман, од упис на дете во градинка, до купување лек во аптека…

Одамна ја поминавме границата кога безмилосните меѓусебни пресметки на Фејсбук се пренесоа, заедно со ужасно простачкиот речник на асоцијалните мрежи, и во официјалната јавна сфера.

Може ваквиот предлог да се отпише и како „лажно морализирање“, „политичка наивност“, „двоен стандард“ и сл. Но, навистина не знам како од експлозијата на овој „експрес-лонец“ ќе излезе нешто добро, макар и да победи „нашата“ опција на изборите?

А, за оние кои создаваат и чуваат вакви скандалозни папки, немојте да се залажувате дека планот и ефектите од нивното објавување ќе излезат така како што нивните објавувачи ги замислиле. Тоа никогаш не е така. Еднаш објавени, аферите си имаат свој „живот“ и „смрт“ што никогаш, до крај, не можат да се предвидат. А потоа е доцна за каење.

 


Сите права се задржани.

Next Post

Почнува расправата за илјадниците амандмани за измените на Изборниот законик

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk