ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Преземени храбри чекори за затворање на споровите со Бугарија и Грција и отворен патот до НАТО и ЕУ

Тоа можеа да го направат само политичари со визија!!!

December 18, 2019 14:11
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање пред пратениците во законодавниот дом посочи дека новата демократска власт од почетокот на својот мандат, во јуни 2017 година, презеде храбри политички чекори, со цел, да ги затвори политичките спорови со историска димензија со Бугарија и со Грција.

– Тоа можеа да го направат само политичари со визија и тука мислам на најодговорните во сите три држави во тие моменти. За договорите е многу кажано и напишано, денес, само ќе се обидам да ги позиционирам тие два документа во историска перспектива. Компромисите беа тешки, но, без нив ќе беше уште потешко затоа што ќе имавме нејасна иднина на долг рок. Влезот во НАТО претставува историски успех за оваа генерација политичари, но и за сите оние што активно работеа за таа кауза од 1993 година, од првата Декларација усвоена со ниту еден глас против, токму во ова собрание. Според истиот модел на државно единство ќе мора да работиме заедно и во преговорите со ЕУ, затоа што ако во тој процес не ги собереме најумните глави, тогаш за нивната должина и евентуално лошите решенија на крајот не ќе можеме да ги обвинуваме само бирократите во Брисел, рече Пендаровски.

Претседателот Пендаровски истакна дека вредноста на двата договора е што направивме компромис за да ја отвориме вратата на евроатлантските интеграции како предуслов за нашиот напредок, но, притоа не го компромитиравме најбитно за нас – идентитетот кој сега има и меѓународна верификација.

По потпишувањето на договорите, како што нагласи Пендаровски, нивната целосна имплементација зависи од волјата на двете договорни страни во двата случаи.

– Ние, во врска со тоа имаме две обврски, прво, да ги почитуваме договорите, затоа што тоа е една од најважните меѓународни облигации на секоја сериозна држава, второ, да инсистираме на доследна имплементација на обврските и од другата страна, бидејќи договорите не содржат само обврски за нас, а само права за нив, истакна шефот на државата.

Точно е, додаде Пендаровски, дека во имплементацијата на Договорот за добрососедство со Република Бугарија во последниве месеци е видливо забавување во работата на заедничката комисија составена од историчари.

-Од моментот на неговото потпишување пред две и пол години, на ова политичко водство му беше јасно дека во годините пред нас ќе мора отворено и без комплекси да влеземе во разговори за т.н. бели петна или историските периоди и личности кои во комунизмот биле намерно заборавени или еднострано презентирани и објаснувани во јавноста и на двете држави. Во таа смисла, ние сме апсолутно подготвени да ги соочиме аргументите за одредени историски контроверзи поврзани со различните толкувања на еден ист настан или личност, исто така сме подготвени, за заеднички напори насочени кон деидеологизација на историјата, меѓутоа, правото да се идентификуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик било и ќе биде надвор од било каква дебата, бидејќи тоа се одамна завршени историски процеси, истакна шефот на државата.

Тој нагласи дека стратешкото отворање кон трети држави, сега кога сме de facto членка на НАТО, треба да се случи час поскоро. – Немаме ниту една причина да бидеме резервирани во односите со државите кои не се дел од евроатлантскиот простор, а дијалогот со нив треба да го базираме на легитимните економски интереси кои секоја држава ги има, додаде Пендаровски.

Според Пендаровски, нашето излегување од меѓународна изолација во последните три години, во исто време значеше излегување и од регионалната изолација во која влеговме по волја на претходната власт.

-За мали држави како нас, прв надворешно-политички приоритет мораат да бидат добрососедските односи. Бев во официјални посети на Албанија и Србија, а ќе ги посетам и останатите наши три соседи. Во контекст на актуелните регионални иницијативи сакам посебно да истакнам дека тие во ниту еден случај не треба да бидат разбрани како замена за европските интеграции, туку само како инструмент за наше побрзо интегрирање во Европа, рече Пендаровски.

Говорејќи за т.н. мини-Шенген, посочи дека за да биде ефикасен мора да ги опфати сите шест држави од западниот Балкан, а не само три. – Истиот став го имав и за една поодамнешна иницијатива, наречена балкански Бенелукс која пак имаше друга логика за поврзување меѓу државите од нашиот регион. Убеден сум дека во 21-от век на Балканот не му се потребни државните идеологии од 19-от и 20-от век за денес да зборуваме за обнова на некаква нова Југославија или формирање на балкански алијанси кои ќе бидат насочени едни наспроти други. Ако навистина сакаме подобар живот тогаш мораме да се обединиме според моделот на Европа по Втората светска војна – минатото го паметиме, но, го оставаме во архивите, а разговараме за иднината, додаде шефот на државата.

Бидејќи на Балканот времето, за жал, како што кажа, тече побавно отколку на други места во светот, и во 2019-та, во некои центри на светската моќ се разговараше за нова корекција на границите на Балканот, дури и за размена на луѓе и територии.

-Мојот став од почетокот беше и останува дека нова промена на балканските граници сигурно ќе не врати назад во раните 1990-ти и ќе предизвика тензии, а најверојатно и нови конфликти. Со должна почит кон сите оние кои имаат поинакво мислење за разговорите меѓу Белград и Приштина, овој свој став го имам кажано и образложено на сите странски државници со кои се имам сретнато до сега, а се разбира тоа му го соопштив и на претседателот на Србија и на председателот и премиерот на Косово. Решението за меѓународниот статус на Косово треба да придонесе и да ја зацврсти регионалната стабилност и безбедност. Не можам да видам логика да решите еден проблем, а, истовремено да отворите неколку други во истиот регион. Меѓународната заедница, како контролор на целиот тој процес мора подобро да ги познава балканските историски специфики и да знае дека безбедноста на сите држави на Балканот е испреплетена, додаде Пендаровски. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Владата по рекцијата од родителите на загинатите во Кочани: Злоупотребата на болката не носи правда

July 18, 2025

(ВИДЕО) Кис Кам на коцерт од Колдплеј: Директорот на „Астрономер“ фатен во интимна сцена со шефицата, Бајрон јавно се извини

July 18, 2025

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk