ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Верни до гроб

За ДУИ и за „кариерата“ на Али Ахмети има многу непознаници. Сепак од она (малку) што го знаеме за него, се поставува големо и сериозно прашање: Како може на политичката и јавната сцена да се издигне и толку долго да доминира на една политичка партија чии водечки фигури ги придружуваат неброени скандали, криминал и секаков вид контроверзии?

December 18, 2019 11:49
in ФРОНТ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Од самиот почеток, до крајот… Ако Мендух Тачи му изјави верност „до гроб“ на Сашо Мијалов, како што слушнавме во бомбите, тогаш Али Ахмети и ДУИ таа верност (до гроб) ја покажаа на дело, од првиот до последниот ден.

Али и ДУИ се феномени. Од самото формирање во 2002 година, па сѐ до денешен ден, ДУИ се постојано на власт, со исклучок на неполни 22 месеци, периодот од 5 јули 2006 година (доаѓањето на криминалната Фамилија на власт) до 12 април 2008 година, кога се одржаа првите предвремени (крвави) парламентарни избори за време на режимот.

Во тој краток период, на ДПА ѝ се даде шанса да вкуси малку од власта, за потоа да залегне во длабока опозициска сенка. Тогаш ДУИ секојдневно плачеше по амбасадорските претсобја и во јавноста, дека се онеправдани, а „најлегитимни“ претставници на албанската заедница во Северна Македонија. И тој филм, исклучиво етнички, а зошто да не бидеме директни и да кажеме – националистички – го проектираат до денешен ден, а така и ќе продолжат. Тие се „најзагрижените борци“ за правата на Албанците, наспроти жестокиот пораз што го претрпеа во 2016 година кога нивниот парламентарен состав буквално се преполови.

За ДУИ и за „кариерата“ на Али Ахмети има многу непознаници. Сепак од она (малку) што го знаеме за него, се поставува големо и сериозно прашање: Како може на политичката и јавната сцена да се издигне и толку долго да доминира на една политичка партија чии водечки фигури ги придружуваат неброени скандали, криминал и секаков вид контроверзии?

Зборуваме за политичка партија што ја следат изразите „нужно зло“, „без нив не се може“, „како и да се свртиш, мора со нив да се коалицира“, „вечно на власт“… А сето време, додека на власт се ДУИ, излегува дека на власт се и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го докажуваа постојано и на секој чекор, од мигот кога се затворија гласачките места на 11 декември 2016 година.

Долго време беше потребно да прифатат да влезат во коалициска влада со СДСМ. По долгите убедувања, средби по бензински пумпи, во седиштето во Мала Речица и на повеќе други места, ДУИ прифати да биде дел од демократска и прозападна владина коалиција. Многу е јасно зошто прифатија да коалицираат со Зоран Заев и СДСМ. Сигурно не затоа што веруваа во вредностите на демократијата и потребата да се урне режимот, бидејќи самите беа суштински дел од него. Прифатија од практични причини, лукративни, но и затоа што беа силно притиснати од дел од своите функционери и ветерани од политичкото и од милитантното крило, од голем дел од членството и од меѓународната заедница. Чие влијание било пресудно не е тешко да се претпостави, но во моментов не е ни важно.

Повеќе пати се потврди дека постоел договор меѓу Али Ахмети и Никола Груевски за одржување на коалицијата и во услови кога вториов е поразен и е бегалец од правдата. Само еден од очигледните примери за сојузништвото меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ е спасувањето на имунитетот на Трајко Велјановски во парламентот. Друга е приказната за чудното однесување на ДУИ за време на Референдумот, кога својата „поддршка“ ја искажаа само преку неколку изолирани инциденти, колку да им отворат уста на проруските структури. За нив практично не постоеше Стево Пендаровски како кандидат (само декларативно го поддржаа), туку само тоа што тие подразбираат под изразот „консензуален претседател“. Законот за јазици е само еден од „условите“ (читај: начини за опструкција) за коалицирање со СДСМ. Тоа е истиот закон што не го донесоа кога беа во ортачка прегратка со ВМРО-ДПМНЕ и заедно имаа комотно двотретинско мнозинство во парламентот.

На крајот, сосема отворено испратија порака до СДСМ и до целата македонска јавност. Се тркаа со своите политички побратими во бројот на амандмани за законското решение за менување на изборниот модел во една изборна единица. Ако нешто може да се каже дека е искрено од ДУИ, тоа беше овој гест, со петте илјади амандмани, со кои признаа дека се непоколебливи во држењето иста линија со ВМРО-ДПМНЕ.

Може (а и треба) уште многу да се напише за ДУИ. Но, нешто треба и да работиме денеска, и јас и вие. За денеска, мислам дека е сосема доволно.

 


Сите права се задржани.

Next Post

Масовна акција за пошумување во Страчинци

НАЈНОВО

Салиу: Меѓународниот ден на ромскиот јазик, не потсетува дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и знак и на идентитетот, достоинство и духовна сила

November 5, 2025

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

November 5, 2025

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk