ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во САД демонстарции за отстранување на Трамп од власт

На Тајмс сквер во Њујорк синоќа излегоа илјадници демонстранти скандирајќи „никој не е над законот“.

December 18, 2019 10:54
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници демонстранти синоќа излегоа по улиците на големите американски градови како Њујорк, Бостон или Њу Орлеанс, со повик претседателот Доналд Трамп да ја напушти власта. Организирани од десетици либерални организации кои на околу 600 митинзи низ цела Америка дадоа поддршка за отповикувањето на Трамп од страна на Претставничкиот дом, протестите се случуваат во пресрет на гласањето за импичмент во Конгресот закажано за денеска, пренесеува МИА.

Во Филаделфија, група на демонастранти носеа неонски транспаренти со крупни светлечки букви „Импич“, во основа на бронзена статуа наречена „Власт на народот“.

На Тајмс сквер во Њујорк синоќа излегоа илјадници протестестирачи скандирајќи „никој не е над законот“.

Во Шарлот, Северна Каролина, група од протестанти наполнија централен парк и некои од нив го повикаа сенаторот Ричард Бур, републиканец, да гласа за осуда на Трамп на судењето за отповикување од власт, кое следува по денешното гласање во Претставничкиот дом.

Гласањето за отстранување на Трамп од власт следува по повеќемесечната истрага на демократите која резултираше со подигнување обвиненија и осуда по два предмета – за злоупотреба на надлежностите и за попречување на работата на Конгресот.

Според демократите, злоупотребата се случила откако Трамп летоска побарал од украинскиот претседател Володомир Зеленски да спроведе истрага за негов политички ривал, поранешниот потпретседател Џо Бајден, еден од можните противкандидати на претседателските избори во 2020 година. Попречувањето на работата на Конгресот се состои во опструкција на истрагата што конгресмените ја спроведуваа за овој случај.

Некои од протестанти кои повикуваат Трамп да замине од власт се мотивирани од неговото непочитување на Парискиот договорот за климатски промени и отфрлање на повеќе регулативи за заштита на околината и развој на обновлива енергија донесени од претходникот Барак Обама.

Во писмо испратено синоќа до Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом, Трамп ги обвини демократите за „незаконски и партиски обид за пуч“ кои објавиле „отворена војна“ на американската демократија.

Next Post

Еко герила: Граѓаните да ги пријавуваат соседите кои согоруваат несоодветен материјал

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk