ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Западен Балкан останува интересна транзитна рута на илегалните имигранти

Во првите девет месеци од годинава биле спречени 18.448 обиди за илегално преминување на границите

December 18, 2019 13:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Западниот Балканостанува транзитна рута преку која поминуваат илегалните имигранти, кои потоа се упатуваат кон земјите од Западна Европа. Северна Македонија е под постојан притисок од илегалната имиграција поради нејзината географска положба. Минатата година со мерките кои интензивно се преземаат на границата на Северна Македонија кон Грција има ефекти и главниот миграциски бран е прекинат тука, при што се изнаоѓаат алтернативни рути.

Ова беше истакнато на Првата сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на Националната конвенција за ЕУ во Северна Македонија (НКЕУ-МК) на тема „Чекајќи на ФРОНТЕКС – Безбедноста на границите низ призмата на различни миграциски бранови“.

Според податоците на МВР, во Северна Македонија во првите девет месеци од годинава биле спречени 18.448 обиди за илегално преминување на границите, за разлика од лани кога беа откриени 13.143 вакви случаи. Најголем дел од обидите се регистрирани на границата со Грција 90,7 отсто, а околу осум проценти се на границата со Србија, покажуваат податоците на МВР. Во однос на земјата на потекло на мигрантите, и оваа година најбројни се државјаните на Пакистан – 6.937, потоа следат државјаните на Авганистан 4.037, Бангладеш 1.879, Индија 1.049 и други.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски рече дека за справување со илегалната имиграција во август 2015 година е донесена одлука за прогласување кризна состојба на подрачјето на јужната и северната државна граница, која континуирано се продолжува.

– За успешно справување со овој предизвик ангажирани се не само граничната полиција, која е интегрален дел од Бирото за јавна безбедност, туку и другите организациски единици од Бирото за јавна безбедност. Сите заедно учествуваат во откривањето и спречувањето на илегално преминување на државната граница и видови на прекуграничен криминал кои се пропратен елемент на илегалната имигрција, како што е криумчањето мигранти и тровијата со луѓе и со оружје, рече Тасевски.

 

Трпе Стојановски, професор на Факултет за безбедност, истакна дека според извештајот на Анализата на ризици на ФРОНТЕКС, објавен на почетокот на 2019 година, лани се регистрирани над 190.000 спречени обиди на влез во земјите од ЕУ, што споредбено со претходната 2017 година е зголемување за четири проценти.

– Анализата покажува дека Источномедитеранскиот правец познат како Балканската рута во 2018 година бележи за неколку стотини лица помал број на илегални преминувања, односно 50.561 лице, и тоа претежно на зелената територија од Турција кон Грција, рече тој.

Стојановски истакна дека Западен Балкан и натаму останува интересна рута која продолжува да се користи како транзитно подрачје за мигрантите кои доаѓаат кон Европа, и оти во 2018 година со мерките кои интензивно се преземаат на границата меѓу Северна Македонија кон Грција има ефекти и дека главниот мигрциски бран е прекинат тука и се обидуваат да најдат алтернативни патишта.

– Еден од тие алтернативни патишта води преку Грција, Албанија по копно и по море, потоа продолжува кон Босна и Херцеговина, така што миграциските брнови се движат кон Хрватска, и вториот, каде што Србија е идентификувана како собирно подрачје и од таму правците водат кон Унгарија, Хрватска и кон Романија, рече Стојаноски.

Next Post

Зендели за обраќањето на Пендаровски: Избалансиран настап во кое ги опфати сите отворeни прашања

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk