ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Анализа: Потребна е максимална заштита на пријавувачите за да заживее законот за укажувачи

Она што во регионот е позитивно, а го истакнува и ДКСК и се обидува да го прифати е моделот на Црна Гора, според кој, апсолутно дури и кога ќе се отвори судскиот процес не се знае кој е пријавувач.

December 19, 2019 14:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Непостоење политичка волја, недоволна промоција, недовербата во институциите, но и потреба од соодветна заштита на пријавувачите се меѓу причините зошто Законот за заштита на укажувачи не заживеа. Речиси 80 проценти од институциите практично не слушнале за Законот, а само една третина од 16 министерства успеале на своите веб-страници да ги стават и да одредат лица за заштитено пријавување.

Ова го посочуваат резултатите од Анализата на оперативноста и функционалноста на Законот за заштита на укажувачи што ја презентираше денеска Александар Н. Писарев, еден од истражувачите заедно со Игор К. Илиевски. Според Писарев, Законот е донесен 2015 година како резултат на Пржинскиот договор, а неговата реализација и практично заживување требаше да почне 2016 година, меѓутоа денес после четири години, законот се уште не заживеал и не би можеле да кажеме дека сме задоволни со неговата реализација.

– Постојат четири главни столба кои се задолжени за реализација на овој Закон – Државна комисија за спречување на корупција, Јавно обвинителство, Министерство за правда и МВР. Меѓутоа, од овие четири главни столба, според истражувањето и податоците до кои дојдовме, единствено ДКСК активно се вклучила да го реализира Законот. Меѓутоа, волјата кај институциите не е доволно изразена да почне да се реализира Законот. Второ, ние подолг период, практично 10 години и повеќе живеевме во една заробена држава каде што граѓаните се обесхрабрени, исплашени што било да направат, така што сега е многу тешко вие за еден релативно краток временски период да ја вратите довербата на граѓаните во институциите. Значи, граѓаните се уште не веруваат доволно во институциите на системот и сметаат дека тие лично не можат да направат ништо, вели Писарев.

Тој посочува дека Законот е добро конципиран и со мали преправки на кои укажа Венецијанската комисија е подобрен, меѓутоа, вели, се уште не е доближен до граѓаните. ДКСК, вели тој, подготвува една стратегија која би требало да се реализира во 2020 година, меѓутоа нивните капацитети не се доволни, немаат ни доволно материјални и други средства за да ја почнат таа кампања, и очекуваат идната година да добијат и материјална поддршка од донатори како би можеле тоа да почнат да го реализираат.

-На граѓаните уште не им е јасно дека секој граѓанин практично може да биде пријавувач и според законот, би требало да биде максимално заштитен неговиот интегритет. Меѓутоа, имавме прилика пред неколку месеци да видиме дека човекот којшто пријави неправилности во Тетовскиот универзитет практично настрада и апсолутно не беше заштитен и доживеа санкции. Токму поради тоа ЕУ и ЕК подготвуваат за идната година сериозни измени, биидејќи генерално не само во Македонија, законот тешко функционира и во регионот, Европската комисија затоа предлага за идната година, а практично би требало да го прифатат сите земји членки и земји – кандидати, да се обезбеди максимална заштита на пријавувачи, односно пријавувањето да биде анонимно, а институциите да имаат посебен канал во кој ќе се спроведува заштитено пријавување, вели Писарев.

Посебно е сериозна работа и постои голема опасност да не профункционира доволно законот во малите земји како што е Македонија, бидејќи, додава, малку или повеќе сите се познаваме. Она што во регионот е позитивно, а го истакнува и ДКСК и се обидува да го прифати е моделот на Црна Гора, според кој, апсолутно дури и кога ќе се отвори судскиот процес не се знае кој е пријавувач.

-Пријавувачот доколку востанови дека има корупција или нешто што е спротивно на јавниот интерес си го одредува сам својот код кој само тој го знае и преку тој код врши пријавување, а понатаму сите надлежни органи – обвинителство, полиција итн. го продолжуваат процесот, појаснува авторот на анализата.

Она што е важно за граѓаните, според него, тоа е дека не мора да докажуваат туку доволно е да имаат само добра намера и ако се сомневаат дека постои корупција или нешто спротивно на јавниот интерес тој тоа може да го пријави внатре во организацијата.

-Секоја организација дали е тоа јавна институција, државна компанија, претпријатие во државна сопственост или приватна фирма, ако има над 10 вработени мора да има според законот одредено лице кое што ќе прима пријави врз основа на Законот за заштитено пријавување. За жал, во Македонија 80 проценти на организации и повеќе немаат…Кога е во прашање приватниот сектор и големи системи, со прст се укажува на градежништво дека постои голема корупција. Вие да добиете дозвола за градба, да добиете маркица давате стан, давате цели спратови, меѓутоа ниедна од горе наведените државни компании, немаат одредено лице за заштитено пријавување. Исто важи и во здравството. Значи, во оние сегменти на општеството каде навистина имаме корупција, каде што се укажува на корупција немаме реализација на законот кој влегува во поглавјата за преговори, а тоа е Поглавје 23 за мито и корупција, подвлекува Писарев.

Публикацијата е изработена во рамки на проектот „Истражување на оперативноста и функционалноста на Законот за заштита на укажувачи и зголемување на неговата видливост преку медиумски содржини и јавна презентација на истражувањето“ како дел од проектот „ГО и Медиуми против корупција-Коалиција за нулта толеранција” што го спроведуваат Транспарентност Македонија и НВО Инфоцентар со поддршка од Европската Унија.Законот за заштита на укажувачите е еден од инструментите за заштита на интересот на граѓаните и борба против корупција.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Војната на кибер-ботовите на Твитер за македонската душа

НАЈНОВО

Ден на независноста – 34-годишнината се одбележува под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“

September 8, 2025

Руската хибридна војна против Европа (1): Европа конечно признава дека е нападната

September 8, 2025

Автобусите на ЈСП денеска сообраќаат по неделен возен ред поради Денот на независноста

September 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сензација на Евробаскет: Финска ја елиминира Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На 7 септември во Струмица ќе се одржи четвртиот Get EXITed!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk