ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Истражување: Младите во С.Македонија се меѓу апатија и оптимизам, со конзервативни и хомофобични ставови

Според истражувањето, за 59% од испитаниците, припадниците на ЛГБТ-заедницата не треба да има место во политиката

December 19, 2019 13:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
ФОТО: МКД.МК

ФОТО: МКД.МК

Share on FacebookShare on Twitter

Младите во Северна Македонија на возраст од 15 до 35 години се некаде меѓу апатија, оптимизам и разочарување: не се среќни од тоа каде живеат и над половина би се иселиле, имаат авторитарни ставови, гласаат на избори, имаат изразена хомофобија, главно се информираат од социјалните мрежи. Вака би се сумирале резултатите од обемното истражување на Вестминстер фондацијата за демократија (ВФД) и Младинскиот образовен форум (МОФ) спроведено од 23 до 29 мај годинава преку телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1.025 млади лица од сите осум плански региони во државава, пренесе 360степени.

Претставникот на ВФД, Дамир Незири потенцира дека истражувањето е насловено „Апатија, оптимизам или разочараност?“, три збора кои, како што рече, совршено ги сублимираат ставовите на младите во однос на нивното место во општеството.

„Тие не се информираат за општествено-политичките случувања, но речиси секогаш гласаат на избори; сметаат дека не се доволно консултирани и вклучени во процесите на одлучување, но сепак голем дел од нив веруваат дека во иднина ќе биде подобро, особено ако државата стане дел од Европската Унија“, вели Незири.

– за 84% на државата ѝ е потребен лидер со „цврста рака“;

– за 59% припадниците на ЛГБТ-заедницата не треба да има место во политиката;

– за 35% мажите се подобри политичари од жените;

– 64% гласаат на избори;

– 90% никогаш не биле дел од граѓанска или невладина организација;

– 70% очекуваат земјата да стане членка на ЕУ до 2025;

– 59% би се иселиле од државата;

– 7% се членови на политичка партија, 20% се симпатизери;

– за 31% државата оди во вистинска насока;

– за 36% земјата за пет години ќе биде подобро место за живеење;

– за 63% сите политички партии се исти;

– 84% најчесто го користат Фејсбук;

– 35% се информираат за политичките случувања на социјалните мрежи, 33% од телевизија;

– 29% би се ангажирале општествено или политички поради невработеност и сиромаштија;

Авторитарни ставови и хомофобија

Осумдесет и четири проценти од анкетираните млади во оваа студија сметаат дека на државата ѝ е потребен лидер со „цврста рака“. Според Спировска, не е јасно дали под тоа можеби подразбираат стабилни институции и функционален систем.

Но за Мартин Галевски, автор на студијата, ова е причина за сериозна загриженост во општеството.

„Можеме да влеземе во дискусија што значи лидер со цврста рака. И како младите тоа го перципираат. Во светската литература ваквото прашање се поврзува со авторитарни тенденции. Младите очигледно имаат наклонетост кон таков тип лидери. И тоа треба да нè загрижи како општество“, вели Галевски.

Според истражувањето, 64 проценти гласаат на избори.

59% проценти би си заминале од државата, и тоа во најголем дел оние на возраст од 25 до 29 години, со ниски семејни примања и кои не изразуваат припадност кон ниту една партија.

„Половина од младите чувствуваат неизвесност за својата иднина. Овој факт е особено загрижувачки бидејќи ваквиот тип прашања се тесно поврзани со желбата за иселување. Од друга страна, само еден од десет млади луѓе се чувствуваат сигурно кога размислуваат за својата иднина“, вели Галевски.

Шесеет отсто од младите веруваат дека С.Македонија ќе стане членка на Европската Унија, додека 70 проценти сметаат дека тоа ќе се случи во следните пет години. Младите што веруваат во европската перспектива на земјата се помалку расположени да си заминат од земјата, додека оние што се граѓански ангажирани се позадоволни со своето место во општеството од своите врсници.

Високи 59 проценти од испитаниците сметаат дека за припадниците на ЛГБТ-заедницата не треба да има место во политиката, наспроти 23 отсто со либерални ставови. Покрај ова, 35 отсто од младите испитаници се изјасниле дека мажите се подобри политичари од жените.

Единствена светла точка во овој податок е дека сепак најлиберални погледи имаат младите на возраст помеѓу 15 и 18 години.

Целиот текст можете да го прочитате на 360степени.

Next Post

Парламентарниот комитет РСМ-ЕУ препорача почеток на преговорите за членство до крајот на март 2020

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk